Дајте линк од тоа социјалното...како се зваше?
Јас сум анти-социјален социјалец. Не ми е проблем да запознавам народ, не ми е проблем да се подружам, ама преретко пуштам луѓе во оној потесен круг пријатели. Летово запознав народ колку што немам запознаено за цел живот, а од толку народ, денеска не комуницирам со речиси ниеден од нив. Дали 2 пати до сега со 2-3 души сме размениле неколку општи муабети и толку. Не можам бе, не као сега јас посебен случај, ама не можам секого да пуштам во тесен круг.
Што сакаат нека ме мислат. Имам вкупно 10ина другар(к)и со кои си имам добар социјален живот, па ако се погодат други во иднина - арно, ако не - пак арно. Едноставно не можам пред сите да се отворам и како сака нека звучи, ама ме иритира кога некој ми прави муабет у стил: Хеј, здраво, како си? Што има ново? Хехехех, хухуху, леле закон си еј итн итн, секојдневно. Сакам некои што ќе знаат да изберат 1000 теми и на ниедна од тие нема да ми е досадно, тоа ми е некоја дефиниција за “здрава социјализација“, да разменувам информации и интереси, не празни муабети и рекла-казала.
Ниту пак патам по тоа да ме знаат ко фаца у граду со широка палета на “другари“, а утре да немам на кого да се обратам.