За жал уште една црна тема. Не ја пишувам во црна хроника пошто е многу поголемо од овој го убил оној и пошто имаме премногу неправилности со превозниците на кои им се прогледува низ прсти пошто „возат за џабе де“ до ваму или онаму.
Да не пишувам јас, ќе ги копирам битните делови што го сумаризираат настанот, а целиот тајмлајн го има на Слободен Печат.
Наводно за можна причина се смета и тоа што напред во автобусот носеле балончиња со бензин за да заштедат на полнење, што додатно го проширило пожарот одеднаш.
Што сакав да пишам е: имаме премногу нерегулирани превозници. Премногу. Минуваат технички којзнае како, се штанцаат дозволи за возење автобус на лица што до вчера возеле само комбајн, се лепат нови дати врз стари документи, па е само темпирана бомба кога ваков настан ќе се случи. Да не зборувам па и за преносот на нелегални ствари, јавна тајна е МК-БГ-ТУР тројството и шверцот што се одвива на попатните одмаралишта, претежно по Бугарија.
Одговорност? Што е тоа?

Сам по себе е трагичен настанот, но полошо ми прави тоа што имало толку мали дечиња.Најмалку 45 (постојано варира ова, час е 45, час 46) лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот „Струма” во Бугарија, кога се запалил автобус со македонски таблици што сообраќал на релација од Истанбул до Скопје. Според првичните информации, во несреќата има и преживеани (има 7).
Грешка на возачот или ненадејна техничка неисправност на автобусот, се можни причини за несреќата, изјави директорот на бугарската националната истражна служба Борислав Сарафов.
Меѓу жртвите има и деца, од кои најмалите се 4 годишни близнаци.
Истрагата е во тек.