Сообраќајна несреќа во Бугарија: Загинати 45 македонски државјани | Црнобело Форум

Сообраќајна несреќа во Бугарија: Загинати 45 македонски државјани

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,989
7,440
1,153
Big Sur
За жал уште една црна тема. Не ја пишувам во црна хроника пошто е многу поголемо од овој го убил оној и пошто имаме премногу неправилности со превозниците на кои им се прогледува низ прсти пошто „возат за џабе де“ до ваму или онаму.

Да не пишувам јас, ќе ги копирам битните делови што го сумаризираат настанот, а целиот тајмлајн го има на Слободен Печат.
Најмалку 45 (постојано варира ова, час е 45, час 46) лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот „Струма” во Бугарија, кога се запалил автобус со македонски таблици што сообраќал на релација од Истанбул до Скопје. Според првичните информации, во несреќата има и преживеани (има 7).

Грешка на возачот или ненадејна техничка неисправност на автобусот, се можни причини за несреќата, изјави директорот на бугарската националната истражна служба Борислав Сарафов.

Меѓу жртвите има и деца, од кои најмалите се 4 годишни близнаци.

Истрагата е во тек.
Сам по себе е трагичен настанот, но полошо ми прави тоа што имало толку мали дечиња.
Наводно за можна причина се смета и тоа што напред во автобусот носеле балончиња со бензин за да заштедат на полнење, што додатно го проширило пожарот одеднаш.

Што сакав да пишам е: имаме премногу нерегулирани превозници. Премногу. Минуваат технички којзнае како, се штанцаат дозволи за возење автобус на лица што до вчера возеле само комбајн, се лепат нови дати врз стари документи, па е само темпирана бомба кога ваков настан ќе се случи. Да не зборувам па и за преносот на нелегални ствари, јавна тајна е МК-БГ-ТУР тројството и шверцот што се одвива на попатните одмаралишта, претежно по Бугарија.
Одговорност? Што е тоа?
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,332
5,841
1,683
Disco
Мора да е експлозија од некаква причина инаку нема никаква логика кога се работи за дизел мотор. Нема друга можност, дизел не се пали нит со отворен пламен. Има гласини дека се шверцале петарди или така нешто. Вакви настани обично има по Индија, Бангладеш и Либерија. Полека но сигурно територијава се утврдува во третиот свет.
Одговорност? Државата се грижи за своите граѓани, особено за нивното здравје нели, па дури и по цена на слобода на движење, не се сомневам дека сите одговорни лица ќе одговараат. Oh, wait...the same state :frantic
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,989
7,440
1,153
Big Sur
Ехеее, петарди, канти бензин ради пониски цени, па еве имало патник од Пакистан (или од кај да беше, не сум сигурна) што им фалеше т.е. не го наоѓале ни во изгорените, ни во преживеаните, па се испоставило во другиот бус дека се префрлил.
Мислам, стварно е јавна тајна каков шверц и пренос на мигранти и што не се врши по тие нерегистрирани автобуси. Па чудење како не бил регистриран, па како минувал. Може стварно сме со IQ82 во просек, ама и тоа е доволно да сфатиш кога си играат курташак. Чудно ќе беше да речеа со уредна документација.
Греота за тие што си го однесоа, другово сега ќе се нагаѓа до 101 и назад...

Едит: Чек сега, 44 се? Не можам точната бројка да ја фатам.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,793
808
1,133
Skopje
Мора да е експлозија од некаква причина инаку нема никаква логика кога се работи за дизел мотор. Нема друга можност, дизел не се пали нит со отворен пламен. Има гласини дека се шверцале петарди или така нешто. Вакви настани обично има по Индија, Бангладеш и Либерија. Полека но сигурно територијава се утврдува во третиот свет.
Одговорност? Државата се грижи за своите граѓани, особено за нивното здравје нели, па дури и по цена на слобода на движење, не се сомневам дека сите одговорни лица ќе одговараат. Oh, wait...the same state :frantic
Ne e eksplozijata od petardi,a naj malku od naftata,nafta tesko se pali,a uljeto vo motor uste po tesko..
Eve da pretpostavime deka e toa,pa treba naj malku 10 min da dojde nekoj ogan predizvikan do nea so sto za 10 min poleka da izlagas od avtobusot ke izlezes,po moe poznavajki nesto mehanika i cel zivot so vozila se ima sluceno nesto 3to sto doslo do jaka eksplozija kade sekundarno imas ogan i cad,toa ne e instalacija,toa ne e petardi (eve od mene plus neka ima i ognomet i zizici)pa pak nema sansi,tuka nema eksplozija nikakva ako se zapalelo se ova predhodno,nafta pa ic i da imale vnatre vo kanti,a nemale,na kraj ke se ispostavi nesto drugo,da ne nagagjame ke vidime ..

ZALNO (:|
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,332
5,841
1,683
Disco
Ехеее, петарди, канти бензин ради пониски цени, па еве имало патник од Пакистан (или од кај да беше, не сум сигурна) што им фалеше т.е. не го наоѓале ни во изгорените, ни во преживеаните, па се испоставило во другиот бус дека се префрлил.
Мислам, стварно е јавна тајна каков шверц и пренос на мигранти и што не се врши по тие нерегистрирани автобуси. Па чудење како не бил регистриран, па како минувал. Може стварно сме со IQ82 во просек, ама и тоа е доволно да сфатиш кога си играат курташак. Чудно ќе беше да речеа со уредна документација.
Греота за тие што си го однесоа, другово сега ќе се нагаѓа до 101 и назад...

Едит: Чек сега, 44 се? Не можам точната бројка да ја фатам.

Некаде 44,45,46 уште не можат да појаснат, наводно бил некој арап сега, се менува причата од ден во ден, и хемикалија за екстракција на хероин од опиум се споменува, трите царини биле платени, шверцање, па имало чеканчиња за кршење прозори во опасност, па немало туку фиромци си ги земале за по дома......тек допрва што ќе се слушне, на крај ќе испадне никој не е крив, its aliens. Or Allah.

Ne e eksplozijata od petardi,a naj malku od naftata,nafta tesko se pali,a uljeto vo motor uste po tesko..
Eve da pretpostavime deka e toa,pa treba naj malku 10 min da dojde nekoj ogan predizvikan do nea so sto za 10 min poleka da izlagas od avtobusot ke izlezes,po moe poznavajki nesto mehanika i cel zivot so vozila se ima sluceno nesto 3to sto doslo do jaka eksplozija kade sekundarno imas ogan i cad,toa ne e instalacija,toa ne e petardi (eve od mene plus neka ima i ognomet i zizici)pa pak nema sansi,tuka nema eksplozija nikakva ako se zapalelo se ova predhodno,nafta pa ic i da imale vnatre vo kanti,a nemale,na kraj ke se ispostavi nesto drugo,da ne nagagjame ke vidime ..

ZALNO (:|

Многу хаотични ти се мисливе, како бе вака ццц...
Не може ништо друго освен експлозија, според кажување на преживеаните, не може ништо да пламне толку во дизел машина, невозможно е, не постои начин. Излезе и бугарски газда на транспорт фирма кој објасни какви се новите автобуси и зошто секаков пожар би бил локализиран во самиот бус.
Класика експлозија каде што нема време за реакција на луѓето. И како во сите експлозии така и овде имаме момент каде преживеаните се во периферија на радиусот на дејство, оние од последни 5 седишта кои се споени преживеале, плус 2 од претходно седиште кај врата. Тие што биле најдалеку, кај моторот. А кај моторот би било очекувано да се појави оган, не да биде на крај на причата.

А наводно автобусите биле од 2003 ама шминкани во Турција со нови седишта од Кина кои биле со ефтини лесно запаливи материјали за разлика од оригиналите во Мерцедес за да бидат регнати како од 2018 демек, немало црна кутија, немало ГПС пинг како кај новите што било ред, нашминакно кинеско срање.

Што е жално? Скраја било да дојде човек во незавидна ситуација па ќе види колку се луѓето емпатични. Heart goes a little cold after long time.
Освен изигравање си-ес-ај Ресен не сум нешто као потресен...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,989
7,440
1,153
Big Sur
Некаде 44,45,46 уште не можат да појаснат, наводно бил некој арап сега, се менува причата од ден во ден, и хемикалија за екстракција на хероин од опиум се споменува, трите царини биле платени, шверцање, па имало чеканчиња за кршење прозори во опасност, па немало туку фиромци си ги земале за по дома......тек допрва што ќе се слушне, на крај ќе испадне никој не е крив, its aliens. Or Allah.
Еве се потврди дека биле 44, конечно. Шоферите без лиценци, автобусите без лиценци, па уште имаше еден господин (е сега, фак, не знам имиња, политичар ли, некој „битен“ битно) што рече па виновни се и луѓето, требало да проверат дали е лиценцирано.
Као, еве, да, прво нешто пред патување ќе ми текне чек, може овој не знае да вози, а имаат фирма, па да ваѓам документи кои се во фирмата, што лиценци имаат, пројден ли е бусот на технички. Свашта еј, удри по мртвиот пошто не може да зборува, ама битно они да се одбранат.
Луѓево си го однесоа, а кај нас уште глумиме зачудени што имало шверц на што и да е нелегално. :rofl
А не, CD-а со музиката на Рахманинов ќе режат и шверцаат.

Да имаше кај нас подкасти за мистерии, оваа одма ќе ја направеа.
„Непостоечкиот автобус и фантомскиот патник“. Еве идеја за твојот подкаст. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,332
5,841
1,683
Disco
Еве се потврди дека биле 44, конечно. Шоферите без лиценци, автобусите без лиценци, па уште имаше еден господин (е сега, фак, не знам имиња, политичар ли, некој „битен“ битно) што рече па виновни се и луѓето, требало да проверат дали е лиценцирано.
Као, еве, да, прво нешто пред патување ќе ми текне чек, може овој не знае да вози, а имаат фирма, па да ваѓам документи кои се во фирмата, што лиценци имаат, пројден ли е бусот на технички. Свашта еј, удри по мртвиот пошто не може да зборува, ама битно они да се одбранат.
Луѓево си го однесоа, а кај нас уште глумиме зачудени што имало шверц на што и да е нелегално. :rofl
А не, CD-а со музиката на Рахманинов ќе режат и шверцаат.

Да имаше кај нас подкасти за мистерии, оваа одма ќе ја направеа.
„Непостоечкиот автобус и фантомскиот патник“. Еве идеја за твојот подкаст. :zelen

Kojim e krif sose kacuele u aftobus registrovan u bugarska trebe da si prasale unapred pa ako trebe da barale posednicka struktura! Baska kajse ide na vikent u Turska po tije nikakvi aftopatista se znae na zapad bre i gotova stvar! Za sto evrej ehe se ide do Vijena u Svicarska so e glaven grat, da vidat lepota becka skola!

Подкастот се промени сега поради извесни околности пошто има огромна конкуренција по нет па ќе се бави со друга тема, ќе се вика Exterminate! како што викаат далеците во др.Ху :D атентати на познати особи, од политичари, кралеви па се до глумици и пејачи, веќе направив неколку епизоди за проба...
 
Последна промена:

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,989
7,440
1,153
Big Sur
Добро, што е со бројкава? До кога ќе треба да го преправам насловов, пошто сега пак се 45?
Првично беше 45, вести кога слушав тогаш рекоа конечната бројка е 44, на многу места (портали и телевизии) пишува НАЈМАЛКУ 46... треба НЗС да бараме или од тепка како ни текне?
Бар се знае дека луѓето умреле од задушување, што е за некоја нијанса полесно отколку да гореле живи.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,332
5,841
1,683
Disco
Сеуште не можат да пребројат, 44,45,46 а може ќе испаднат и 47 што бидна со мистериозниот арап дали и него го бројат или сепак избегал, телевиса пресента во најава уште арапот да подметнал нешто во багажот и ќе има драма.
Од нафта сега се споменуваат канти со бензин околу 1000 литра пошто во Турција било многу поевтино па искрите запалиле тоа, бугарите сега патот не бил како што треба и возачот бил крив пошто е најлесно тоа не може да се брани пошто изгорел, колку што имаше истрага за тоа несреќата Гостивар и за болницата што изгоре толку и за ова, или шоферот или кабли се запалиле на крај...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,989
7,440
1,153
Big Sur
Еј, стварно, тој ќе испадне на крај крив ако сакаат драма, а шоферот за да се реши часкум. Си има опции бе.
Тој демек случајно му ги преместиле или сам ги преместил торбите во другиот автобус, па скрцал (ако се лажеме дека воопшто имале некој комплетен список на патници), ама каде е?
Нели бил ваму, па побегнал некаде на територијата на Бугарија, па бил, па не бил во запалениот бус, па бројкиве само варираат. Смрди нешто, ама смрди на некомпетентност, не дека се крие некоја завера.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider