Соединетите Американски Држави

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Многу многу МНОГУ сакам да идам во Сан Франциско!

Сан Франциско е четвртиот најголем град во Калифорнија и четиринаесетиот најголем во САД со 739.426 жители, според информации од 2005 година. Се наоѓа на врвот на Сан Франциско Полуостровот и е центар на збиднување во заливот на Сан Франциско. Сан Франциско е втор град по густина на жители во САД.

san-francisco-city.jpg


Историскиот центар на Сан Франциско се состои од северно-источниот квадрант на градот се до улицата Маркет на југ. Тука се наоѓаат Финансиската Четврт и Јунион Плоштадот којшто претставува туристички, хотелиерски и шопинг центар на градот. Туристите како и граѓаните на Сан Франциско ги користат кабелските коли да ги искачат стрмите приоди кон врвот на Ноб Ридот којшто на времето претставувал дом на најголемите бизнис ѕверки. Истите кабелски коли се користат за спуштање кон Рибарскиот Мол кој во минатото бил користен за прикотвување на рибарските бродови а денес претставува голема туристичка атракција и центар на збиднување.
1stPlaceSanFranciscoCableCars.jpg

10-san-francisco-1269294354.jpg


За време на Големата Депресија, Сан Франциско започнал два големи градежни проекти. Истовремено биле градениСан Франциско - Оукланд Заливскиот Мост и Мостот на Златната Капија. Првиот бил завршен во 1936 додека вториот во 1937 година. Истовремено, островот Алкатраз се преориентирал од воена тврдина во федерален затвор со максимална безбедност каде што биле затворени некои од најпознатите американски криминалци, вклучувајќи го и Ал Капоне. Сан Франциско подоцна ја прославил својата повторно здобиена грандиозност со Светскиот Саем во 1939 и 1940 година. За потребите на саемот бил изграден вештачкиот Остров на Богатството во заливот на Сан Франциско.

san_francisco_img.jpeg

Summer-vacation-in-the-Island-Alcatraz2.jpg
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
ЃАВОЛСКА КУЛА

Гигантската карпа, која високо се издига над планинските области во Вајоминг на работ на Black Hills и денес повеќе од 20 индијански племиња ја сметаат за свето место. Повеќето го нарекуваат “Домот на мечката”. За ова светилиште проткаени се бројни легенди. Според преданието на племето Киова оваа необична карпа израснала како трупец за да ги заштити седумтте безпомошни индијански девојки од нападот на мечката гризли.
11.jpg

Легендата на племето Киова донекаде е блиска со геолошката верзија за настанокот на оваа карпа, затоа што таа во најмала рака навистина израснала од земјата. Пред околу 40-50 милиони години за време на издигањето на Black Hills, магмата пронашла пат од внатрешноста на земјата за да оди нагоре низ пукнатините и се зацврстила неколку стотици метри под површината на земјата, поради тоа се издигнале старите седиметни карпи.
Карпата од зацврстената магма т.е. магматската карпа е поотпорна од ерозија за разлика од околните слоеви на седиментните карпи. Во текот на изминатите милиони години зацврстената карпа бавно еродирала од околните меки карпи. На тој начин оваа карпа секоја година помалку растела во однос на околината. Меѓутоа, иако е цврста карпа ни оваа карпа не е потполно отпорна на ерозија и со текот на времето и таа се намалува. Нејзината висина денес изнесува 1558 m.
21-150x150.jpg

Последниот стадиум на настанување е докажан дека Ѓаволската кула служи како типичен пример за возвишение изградено од цврсти карпи во однос на околината. Меѓутоа за прашањето за настанакот на самиот столб од лава геолозите имаат различно мислење. Геолозите Дартон и О’Хара во 1907 година го гледале како типичен лаколит (столб од магма, како форма на дрво) која во текот на своето издигнување никогаш не достигнала до површината на земјата и останала во внатрешноста на земјата, а според други геолози во прашање е нек односно остаток од вулканскиот канал од некогашниот вулкан.
На 24-ти Септември 1906 година Ѓаволската кула е прогласена за Споменик на природата од страна на тогашниот претседател на САД Теодор Рузвелт. Оваа карпа е посетувана од безброј туристи, а и од алпинисти кои се љубители на искачување на високите карпи. За прв пат врвот на Ѓаволската кула бил освоен во 1893 година. Денеска годишно на нејзе се искачуваат повеќе од 4000 алпинисти.

КАРПА КОЈА ЅВОНИ КАКО ЅВОНЧЕ
Ѓаволската кула претставува сноп од четириаголни до седмоаголни камени столбови наредени слични на стебла. Ваквите впечатливи правилни структури настануваат кога магмата се лади бавно, притоа заради нејзиното собирање се формира типичен цртеж. Во согласност со тоа овие камени столбови говорат во прилог на теоријата за постепено ладење на внатрешноста на Земјината кора, на длабочина од 200 до 1000 m. Наспроти тоа се претпоставува дека тука постоел вистински вулкан. Од вулканските карпи кои ги градат ваквите столбови најпознат е столбчестиот базалт. Меѓутоа, Ѓаволската кула е изградена од подвидот фонолит, исто така доста распространети вулкански карпи. Името на овие карпи, кои при удар одѕвонуваат со висок тон доаѓа од грчкиот јазик и значи “карпа која ѕвони”. Уште една нејзина типична особина е и присуството на големи кристали на светли фелдспати. Иако се воочливи и со голо око, особено добро се забележуваат кога плочастото парче на карпата толку тенко ќе се избруси при што ја пропушта светлината, па затоа може да се набљудува под микроскоп. Карпата има т.н. порфирна структура: големите кристали на фелдспати со карактеристичен облик лежат како островчиња во ситнозрнестата основна маса. Потребно е многу време за да во растопената карпа настанат вакви големи кристали. Доколку магмата брзо оцврсне, ќе се издвојат само ситни кристали. Бидејќи фонолитот на Ѓаволската кула содржи посебно големи кристали на фелдспати, магмата мора да се лади доста бавно на релативно голема длабочина – на тој начин најважната геолошка тајна на легендарните карпи била решена.

devilstower.jpgE7P2D00Z.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
272
663
Wherever you want me to be
Бреј кавалери ли немало. Само да се испланира пат за САД и одма мажишта стануваат нашиве македонци.