За да имате успешни собиранки, треба да се створи атмосфера за истите.
Атмосферата веќе одамна е изумрена воопшто по форумиве. На другиот помасовен форум каде бројноста е далеку поголема и дискусиите се поживи пак собиранки не се случуваат. Зошто е тоа така, немам конкретен одговор. Има неколку причини, една од поголемите е насобраната негативна енергија и користењето на формите како одскочна штица на лечење лични фрустрации, загубена доверба меѓу луѓе, генерациски јаз меѓу членови... има доста. Има и еден факт кој повеќе тука би се провлекол - горе доле ние старите членови и се знаеме меѓу себе. Нови и нема веќе подолг период. Интернет просторот стана доста тесен. Така да, мислам дека многу тешко би се остварила таа работа бар во блиска иднина.