Собиранки.... (договарање - тука)

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
92
Што, ти смета сега и ова што знам и што споделувам? :)

Да знаете, не е на одмет да се знаат времињата...
Не ми смета..времињата некој ги мери, а некој статистика води...знаење не е..
Ти си во вторите.
Каде е сонцето , каде месчината..поволно, не поволно, да внимаваш на она..ова...а бе Хепта овде пишуваме за средби и договараме кој кога може и кој сака...што се лигавиш со глупости.

Ела седни на пиачка со нас и во очи кажи што имаш да кажеш, ако не ..оди на друга тема и труј со твоето "знаење".:)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ти се знаеш за другите кој кај е, како е, што е... знам - пророк. :)
Вака дома да ги класифицираш твоите, ако ти дозволуваат...

Не благодарам за средби во кои ликови ко тебе, негативно настроени кон форумџии заради нивните животни философии, би присуствувале.

Сакам да дојдам да видам што ќе понудат младите денес, преку муабети и нивни интереси, да се научи нешто ново и повеќе, но...

Премногу омраза има во тебе кон мене што не дозволува да сакам со тебе да седам на маса... историјата (а и овие муабети сега) ги дефинира сегашните променливи како да дејствуваме во иднина. А и толку си искомплексиран и да не кажам забеган во својата виртуелна улога, ќе направиш глупост во однос на мене откако ќе се запознаеме tete-a-tete, и ќе имаме залудни проблеми во иднина... познавајќи се себе си... а и познавајќи те тебе. ;)

Мислам дека ќе помине Абраксас утре, но не сум сигурен. Ќе ви испрати поздрав секако од мене, посебно до @escape :)

Затоа се битни времињата, но бидејќи не разбираш, за тебе ова е глупости и мораше да ми кажеш мене и на сите :)
Не може да промениш ништо во однос на сонцето и неговиот пат, ниту пак на месечината... утре сепак ќе биде како што напишав.

И јас зборувам за средбата за утре, не знам што ти се придодаде да ми коментираш глупости за нешто што ете тебе не те засега... знам дека не ме поднесуваш заради моите философии и интереси... но што да правам јас во врска со тоа?
Што би ти на пример правел во врска со тоа?

Да ми кажеш како се „лигавам“ со тој простачки речник? Тоа го можеш? Браво ќе ти речам...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
92
И по толку време пишување и препукувања не научи повеќе да пишуваш за темата , многу помалку за членовите кој коментираат.
Психолошки профил ти е прво нешто кое го користиш за да се "одбраниш" иако само ти сугерирав да се држиш до темата, познавајќи те веќе во следниот пост ќе следува линк до твојот блог.

Абраксас ако дојде ќе го пречекам како што треба, а каде оди тој таму е и Идиот (Атеист) и со него имам некој муабет.
Ти, знам дека не доаѓаш, ниту во очи не можеше да ме погледнеш, а уште помалку би седел со мене на маса.
Преголемо его имаш.

Речникот ..хахаа тоа е твој збор не памтиш ??Не се лигави, ..чив речник е простачки? Или кога ти упатуваш такви зборови ..во ред е, а во обратна насока било простачки...ццццц
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ок, диши.

Ете официјално не доаѓам на ниту една собиранка, кафе-дружење или било што на која ти би бил присутен, не се грижи, може да глумиш лудило на просветлен човек. Не мора вака директно да ме напаѓаш со глупи муабети во обид да ме навредиш.

@Ballet is my life, мислата 2-3 пати ми се изменува додека стигнат прстите, затоа вака кратко пишувам :giggle
 

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
92
Ок, диши.

Ете официјално не доаѓам на ниту една собиранка, кафе-дружење или било што на која ти би бил присутен, не се грижи, може да глумиш лудило на просветлен човек. Не мора вака директно да ме напаѓаш со глупи муабети во обид да ме навредиш.
Со што тоа те навредив?
Со она лигавењето?
Многу осетлив си станал.:(


Неофицијално ќе го пратиш брат ти Абраксас , тој ќе ти пренесе с'е.:kafe

Дојди бе, дојди...аман -заман дојди..да не те колнам во аивазот ..дојди.:zelen
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Се мислев и мислам дека е најдобро да си се чекаме вечер во 19 часот кај Универзална, па после сите заедно на купче да си отидеме во Белиер. :)
Затоа што ние што се знаеме ќе се најдеме некако, ама тие што пример не не знаат, а сакаат да дојдат како ќе не најдат.
Па ако не ви е проблем вечер бидете кај Универзална во 19 часот. :)
Се извинувам вака за малата промена, но сметам дека е најпаметно така. :)
 

-alf-

Староседелец
28 август 2015
346
158
1,053
92
Добро друштво, убав муабет, .. се гледаме на следна средба.:)

п.с. се надевам ќе соберат храброст и други членови да дојдат.