Замислете вечера, на неа се објавува венчавка, домаќините вадат 30 години старо вино да се прослави како шо е ред, свршеникот и свршеничката се држат за рака, родбина и пријатели им честитаат.
А типот е масовен убиец, присутните го знаат тоа и немаат проблем со тој факт, па и со фактот дека ќерката ќе биде оплодена од убица.
Типот е посебен вид на масовен убиец, пилот да речеме на Ф-16.
Тоа чудо носи до 6 тони бомби и ракети и има вграден шестцевен ротирачки топ со стотици гранати.
И така типот по наредба, со печат на легалност полетал и го истоварил товарот врз раја, некаде...било каде. 96 загинати, 133 ранети, детски тела распарчени наоколу, кучиња се гостат со цревата на некое мало девојче. Некои од бомбите не експлодирале (посебно оние во касетни контејнери имаат таква навика) и остануваат да сакатат и убиваат луѓе со месеци и години после летот на пилотот.
Типот сосема доброволно се пријавил во пилотска чколија, доброволно се пријавил во воена авијација и доброволно потпишал договор да следи наредби.
Сите среќни и весели, се пие и јаде и се планираат подароци за свадбата. На убицата...
Замислете вечера, на неа се објавува венчавка, домаќините вадат 30 години старо вино да се прослави како шо е ред, свршеникот и свршеничката се држат за рака, родбина и пријатели им честитаат.
А типот е сериски убиец, силувал и убил три девојчиња и нивните тела ги фрлил во река, присутните го знаат тоа и немаат проблем со тој факт, па и со фактот дека ќерката ќе биде оплодена од убица.
Нидлес ту сеј, второво сценарио е невозможно, веднаш ќе го пријават и ќе им остане рана на душата цел живот дека ќерката за малку ќе се омажела за серијаш...
Која моќ имаат мастилото и хартијата, какво изопачување на перцепцијата се продуцира тоа е неверојатно.
Утре да донесат закон кој ќе стави легален печат на убивање за забава, никој нема да писне. И второто сценарио ќе стане возможно...