Смртта на Витни Хјустон...

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Сите песни стануваат хит, од кога ќе почине некој пеач, тогаш се нај нај за него! Не дека не ми се допаѓаат песните на Витни, иако прв пат ги слушам, ама претеризам е, преувеличувате сите кога ќе почине некој.. зидот на фб само од нејзините песни ми беше преполн, а пред тоа ни еден ставил линк или ја спомнал некогаш. Не само за неа за сите важи ова.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: .M_

Badass

Истакнат Член
16 февруари 2012
63
87
333
27
Можеби ќе звучам клише или донекаде сурово,но никогаш нема да го сфатам хистеричното идолизирање наеднаш кога ќе почине некоја ѕвезда.
Наеднаш сите стануваат најголеми фанови,вени сечат по неа.
Некој ќе рече дека е оддавање почит. Но тоа што го гледам јас по социјалните мрежи ја надминува секоја граница на почит и преминува во "лижи ми газ" од страна на се ќоро и сакато со ФБ профил. Трагикомично е.
Ја почитувам,и симнувам капа,ама не сум и бил фан. Уште еден кокаин-нос замина во рајот!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: .M_ and Hip.Hop_MKD

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Можеби ќе звучам клише или донекаде сурово,но никогаш нема да го сфатам хистеричното идолизирање наеднаш кога ќе почине некоја ѕвезда.
Наеднаш сите стануваат најголеми фанови,вени сечат по неа.
Некој ќе рече дека е оддавање почит. Но тоа што го гледам јас по социјалните мрежи ја надминува секоја граница на почит и преминува во "лижи ми газ" од страна на се ќоро и сакато со ФБ профил. Трагикомично е.
Ја почитувам,и симнувам капа,ама не сум и бил фан. Уште еден кокаин-нос замина во рајот!

Сосем на место ти е мислењето. Секогаш е така. После кога ќе умре се чукаат во гради и стануваат фанови. :unsure
 

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Ќе се согласам со баткиве над мене. Баш така е, некој едвај и знаат 2 песни, а после смртта наеднаш ја сакаат.
Туку, сакав друго да кажам, ја сликале мртва во кофчег, и ја објавиле во весник. Замислете..
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Како уметник, загуба на еден безвременски глас.
Како обичен смртник, една наркоманска уста помалку, едно почисто место во општеството.

Пардоне муа ама не ја жалам.
Да била ќорава, саката, гладна да ми биде жал, ама за збесната лабилна персона, која е мајка пред се не ми е ама баш ич мака.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and marjan

Eva

Староседелец
19 февруари 2012
107
100
1,043
Кога дознав за малку не паднав во несвест. Многу ја сакав.. а и нејзиниот глас и песните и беа прекрасни. Жалам што не снима ниедна нова песна и самата беше крива... Со таа дрогата ... :eek Страшна работа е... Можеа да ја спасат на време сите знаеја дека се дрогира зошто не ја пуштија да се излечи...Туку само ќе губиме вредни ѕвезди од оваа дрогава. Мајкл, Витни па кој е следен?
R.I.P Whitney Houston :place
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

Везилка

Активен Член
20 февруари 2012
118
220
43
34
Нека биде среќна што со таа зависност и до 48 години стигна. Ја почитував како добар глас и ништо повеќе. Не ја слушав, да не и беше гласот песните ќе и беа обични тралалајки, те сакам не ме сакаш и тако даље. И тако то...
Да почине Брус Дикинсон ќе се обвијам во црно, ама за вакви не. Сеедно ми е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Светот изгуби уште 1 наркоман.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Eva

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
светот изгуби добар пејач...но оставила позади себе дела со кои никогаш нема да биде заборавена....
а тоа што забавата не била прекината....живот иде даље...сонцето и понатаму свети....месечината повторно се појавува....а и тие луѓе битно им е да бидат видени ,да се забавуваат во луксот,славата ,парите и дрогата....се друго е небитно....
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Светот изгуби уште 1 наркоман.
види не можиш да го наречиш некој човек наркоман. пред се поради почит кон него како човек а потоа и како еден од најубавите гласови во светот.. таа можеби почина од то но сепак пред се беше и пејачка. Не ми ејасно зошто луѓето ги памтиме по лошо работи а не по добрите..?

светот изгуби добар пејач...но оставила позади себе дела со кои никогаш нема да биде заборавена....
а тоа што забавата не била прекината....живот иде даље...сонцето и понатаму свети....месечината повторно се појавува....а и тие луѓе битно им е да бидат видени ,да се забавуваат во луксот,славата ,парите и дрогата....се друго е небитно....

од една страна можи да се речи дека толку имале и тие почит кон нивната пријателка и колешка ама пак од друга страна би рекол дека можи на тој начин и оддаваат почит преку забава и пеејќи ги нејзините песни.. Пример зошто на погребот на Тоше весна бејби побара еден аплауз наместо 1 минутно молчење. ? затоа што тоше и витни живееа за публиката и тој аплауз им беше доволен да се чувствуваат сакано и почитувано.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi