Слетувањето на Месечината, вистина или лага?

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Немав поим каде да ја ставам темава па затоа тука. :)

Ова иначе ме интересирало одамна, дали слетувањето на Месечината е лажирано или Американците стварно биле први кои слетале?

Читав по интернетов дека целото слетување било снимено во Ареа 51 бидејќи Америка ја губела трката со Советите за испраќање луѓе на Месечината.
Нема цврсти докази дека се тоа е снимено и дека е лага, но од тоа што сум читал има некои прашања на кои нема одговор.
На пример кога Амстронг го ставил знамето на Месечината тоа се веело од ветерот, а нели на Месечината нема ветер. Одговорот на НАСА бил дека Амстронг го мрдал знамето, што мене не ми е верно.
Исто така имаше и за тројца астронаути кои умреле додека тестирале вселенска опрема, а се верува дека уствари биле убиени од американската влада за да не ја кажат тајната. Ова не се сигурни докази, така само сум прочитал. :)

Нормално НАСА нема никогаш да признае дека слетувањето е лага, но добро би било да се знае дали е или не е вистина.
Едно мора да е. :)

Ваше мислење?
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Што ти стана со темиве прво универзумот па сега месечината :D
Иначе чим НАСА е во прашање се е можно т.е не би ме чудело и сето тоа да го испланирале и монтирале. Ни они не знаат што прават
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Што ти стана со темиве прво универзумот па сега месечината :D
Иначе чим НАСА е во прашање се е можно т.е не би ме чудело и сето тоа да го испланирале и монтирале. Ни они не знаат што прават
Па видов дека нема такви теми, а и мене интересни ми се и за слушање и за читање. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Па видов дека нема такви теми, а и мене интересни ми се и за слушање и за читање. :)
Има една емисија на national geographic, космос. Околу 12-13h ја даваат ама мноогу е добра се и сешто кажуваат, мислам кога веќе те интересираат тие работи не е лошо да си ја следиш емисијата. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Има една емисија на national geographic, космос. Околу 12-13h ја даваат ама мноогу е добра се и сешто кажуваат, мислам кога веќе те интересираат тие работи не е лошо да си ја следиш емисијата. :)
Cosmos: A Spacetime Odyssey :)
Симнати ми се сите сезони во пц. Супер е серијата. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Ајде да го проголтаме теоретски првото слетување,фолиранција,но што со наредните летови,колку имаше заборавив,пет или шест,што со аполо 13,зарем и тие беа филмчиња за мали деца?Мое мислење дека сето тоа беше вистина,оти премногу луѓе беа заангажирани во тие припреми,значи 1000 луѓе,па 10% од нив сигурно немаше да издржат да држат таква тајна и ќе ја пренесее на некој.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ајде да го проголтаме теоретски првото слетување,фолиранција,но што со наредните летови,колку имаше заборавив,пет или шест,што со аполо 13,зарем и тие беа филмчиња за мали деца?Мое мислење дека сето тоа беше вистина,оти премногу луѓе беа заангажирани во тие припреми,значи 1000 луѓе,па 10% од нив сигурно немаше да издржат да држат таква тајна и ќе ја пренесее на некој.
Па за наредните летови е точно дека е вистина. Муабетот е за првото слетување, тогаш имало трка меѓу Советскиот Сојуз и Америка за тоа кој прв ќе прати луѓе на друго небесно тело, на Месечината поточно. :)
Е сега Американците изгледа виделе дека ја губат битката и решиле целото слетување да си го снимат.
Нормално, можеби и вистина е не викам не, ама од што многу сакале да бидат први не ме чуди и да е се тоа лага.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Првиот пат кога слушнав за ова ми беше прејако, Стенли Кјубрик наводно го собрале од дома (црна кола со затемнети стакла, сериозни фаци од икс тајна агенција) и го однеле во студио да режира фејк слетување на месечина :zelen
Иако малку веројатно сценарио, сепак е прајслес, на ниво на она дека 300 години од историјата биле скроз измислени (нешто Ватикан беше замешан) и сега сме уствари 1714 а не 2014 :zelen

Колку и да се сомнителни ваквите теории ми се допаѓаат поради креативноста и шпекулациите кои се можни само со добро познавање на материјата in question.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Saladin

Onkel

Староседелец
14 мај 2014
77
82
1,028
Гледав една емисија во која се вршеше истражување баш за оваа случка и беа дадени неколку причини поради која сепак постои сомнеж дали Америка навистина успеа во тоа што го вети Кенеди уште во 62' мислам или сепак е само лажирање за да Америка добие репутација на главна светска сила токму во периодот на Студената војна.Знаеме дека Русија тогаш беше во предност, пример кучето Лајка, Јури Гагарин и слично. Така да можно е сепак и ова да е некоја теорија на заговор, манипулација со целиот свет.
Претпоставка е дека целата снимка со слетувањето на модулот е снимена некаде во Невада. Главни причини за неверување на оваа мега случка се наведуваат следниве:
1. По поставувањето на американското знаме, тоа се вееше, иако на Месечината нема ветер.
2. На снимката не се гледа никаква трага доле на прашината испод модулот, на тоа место каде што се испушта гориво.
3. Астронаутите беа осветлени,но модулот немаше никаква сенка.
4. На видеото и на сликите јасно се гледаше дека небото беше скроз црно, немаше ниедна ѕведа, ама баш ниедна

Но сепак Наса излезе со свои ставови околу овие прашања
1. Знамето беше силно забодено во прашината на тлото, така да тоа не се вееше од ветер, туку се нишаше од самото приковување на прашинестата површина
2. Модулот при спуштање, ја исчистило сета прашина на местото каде што слетало,така да кога се приземнило,местото било исчистено и без прашина.Со самото тоа местото било исчистено и на обична карпа неможе да остане никаква трага од испуштеното гориво.
3. Сончевите зраци ја осветлувале месечината и тоа под прав агол, така да сенката е сведена на минимум, тоест била ептен мала и слаба, а снимките биле неквалитетни и неможело да се забележи јасна сенка.
4. Небото било полно со ѕвезди, но сепак од рефлексијата на сончевите зраци, тие на сликите и на видеото биле скроз нејасни или изгубени и невидливи за човечкото око.

Јас искрено незнам во што да верувам, светот е полн со вакви завери, терории,случки кои никогаш нема да дознаеме дали воопшто се случиле.
Чудно е што за само 6 години, 24 астронаути ја посетиле месечината, во период од 69 до 75. Проектот Аполо траел од 68 до 76 и потоа се укинати секакви обиди за слетување на месечината. Зошто? Наса нема начин како да слета?
Ако тогаш можело, зошто денес со каде каде понапредна технологија,не се вршат туристички патувања до месечината,зошто повторно не стапнала човечка нога на нашиот единствен природен сателит.