Слетувањето на Месечината, вистина или лага?

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Гледав една емисија во која се вршеше истражување баш за оваа случка и беа дадени неколку причини поради која сепак постои сомнеж дали Америка навистина успеа во тоа што го вети Кенеди уште во 62' мислам или сепак е само лажирање за да Америка добие репутација на главна светска сила токму во периодот на Студената војна.Знаеме дека Русија тогаш беше во предност, пример кучето Лајка, Јури Гагарин и слично. Така да можно е сепак и ова да е некоја теорија на заговор, манипулација со целиот свет.
Претпоставка е дека целата снимка со слетувањето на модулот е снимена некаде во Невада. Главни причини за неверување на оваа мега случка се наведуваат следниве:
1. По поставувањето на американското знаме, тоа се вееше, иако на Месечината нема ветер.
2. На снимката не се гледа никаква трага доле на прашината испод модулот, на тоа место каде што се испушта гориво.
3. Астронаутите беа осветлени,но модулот немаше никаква сенка.
4. На видеото и на сликите јасно се гледаше дека небото беше скроз црно, немаше ниедна ѕведа, ама баш ниедна

Но сепак Наса излезе со свои ставови околу овие прашања
1. Знамето беше силно забодено во прашината на тлото, така да тоа не се вееше од ветер, туку се нишаше од самото приковување на прашинестата површина
2. Модулот при спуштање, ја исчистило сета прашина на местото каде што слетало,така да кога се приземнило,местото било исчистено и без прашина.Со самото тоа местото било исчистено и на обична карпа неможе да остане никаква трага од испуштеното гориво.
3. Сончевите зраци ја осветлувале месечината и тоа под прав агол, така да сенката е сведена на минимум, тоест била ептен мала и слаба, а снимките биле неквалитетни и неможело да се забележи јасна сенка.
4. Небото било полно со ѕвезди, но сепак од рефлексијата на сончевите зраци, тие на сликите и на видеото биле скроз нејасни или изгубени и невидливи за човечкото око.

Јас искрено незнам во што да верувам, светот е полн со вакви завери, терории,случки кои никогаш нема да дознаеме дали воопшто се случиле.
Чудно е што за само 6 години, 24 астронаути ја посетиле месечината, во период од 69 до 75. Проектот Аполо траел од 68 до 76 и потоа се укинати секакви обиди за слетување на месечината. Зошто? Наса нема начин како да слета?
Ако тогаш можело, зошто денес со каде каде понапредна технологија,не се вршат туристички патувања до месечината,зошто повторно не стапнала човечка нога на нашиот единствен природен сателит.
Абе никогаш нема да признаат дека се е лажно. Каков глуп одговор им е тој за знамето тоа е чудо, а и другите не се нешто паметни. Тие да можеле ќе слетале ама дека не знаеле како и ај ќе лажеме.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Еве две интересни клипчиња што донекаде даваат одговори зашто би можело да е лага.
I'm no scientist, али ми има некоја логика. Нормално, секаде некој додава нешто плус за да си ја направи поентата порелевантна, ама па не е ни сосема за елиминација. Сепак се работело за една, единствена прва шанса за историски престиж.

Иначе, околу претходниот муабет, јас пак имам читано дека НАСА тврдела дека знамето било свиткано во тутурутка и ставено во туба, па од притисокот било „смрзнато“ во таа положба и кога го исправиле - стоело така хоризонтално. Што пак е чудно, затоа што логично би било да се познава каде било превиткувано, да прави некој млитав круг околу јарболот, кога веќе било толку „смрзнато“.
But then again, дури и да е во студио, нелогично е во тоа студио да има толку ветар што така би го веел знамето.
Освен ако не биле група тотални морони кои изумиле основни работи, па користеле фенови за атмосфера...што не ми е веројатно.
Имаше слика од планина некаде во Невада, мислам, што солидно ја беа поклопиле со сликите од месечинава, ама можда играл и фотошоп, којзнае...не се потрудив да побарам повеќе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
хах абе 100% , како она дебелоно Ким Јонг Ун што неговите слетувале на сонцето ама навечер да не изгореле ццц