Што се однесува до мене, пола саат е доволно време за еден школски час и така може да биде цела година Ем помалку ќе учиме, ем помалку ќе прашуваат xD
10 мин скратени и тоа од 2 до 6 час Првиот цел си го одржавме
Тоа што тебе ти е досадно и не сакаш да го изучуваш не значи дека часовите се предолги.Искрено нели ти е досадно 45 минути?
Тие 5-10 мин. кои ти остануваат на крај на часот се убаво предвидени за да можеш на крај да се одмориш од лекцијата и убаво да ти легне, да прашаш ако имаш нешто нејасно ама вие мислите само како да излезете од школо побрзо. Подобро кажи „Не ми се учи“ отколку „Нели треба да се скратат часовите?“. Демек ако ги скратат 15 мин. сите ќе учите, редовно ќе одите на школо, нема да ви биде досадно и сл. Тие финти друже чувај си ги за себе.Траат и повеќе од доволно. На 90% од часовите секогаш ни остануваат 5-10 мин. А кога би биле скратени би дошло таман и 7ми отприлика би завршил како 6ти.