Скопје

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не знам зошо во последно време осеќам како градот плаче во себе, не проколнува да бидеме скромни, да не го величаме, маскираме, китиме.
Скопје го паметам уште од крајот на 80те, кога градот дишеше друкчие, имаше оптимизам, вриеше од џагор. Денес е поинаку. Во последниве 10 години ги менува 100 те лица, се осеќа како загубена душа, како млад адолесцент е, во своите 14 години. Денес освен во летните периоди, кога во дадени локации, во рандом часови, се дешава по некој изблик на глас, дека сеуште има живот, градот тоне во монотонијата на сивото. Утепан е духот на маалскиот живот, ретко кога и да постои некој барем за момент да ја подигне главата и да си рече.... Дома сум. Во моето Скопје. Сите сме туѓинци денес. Секој брза што попрво да заврши работа, се претвараме во A.I. се губиме во сивилото на глобалниот плурализам. Турската чаршија чат пат ја посетувам коа идам накај факсот, ама не го има тој жар. Некако се` е усилено, се тера некоја хипстерска мода, со концепт. Без трошка спонтаност.
Тоа му фали на Скопје. Спонтаност во душите кои живеат во него. Другото само ќе си замине.
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Ох само дома си е дома! И се си има. Што и да сакаш да направиш има направено се за сите. Во секое време можеш да најдеш занимација. Омилен дел ми е стариот дел на паркот посебно во есен (inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Emma.T

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
18789_478341328871155_959177771_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kizzo and Martin_MKD

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Се мислам дека имам коментирано на темата.Али океј е,ме мрзи да листам.
Скопје.Секако дека го сакам.Последниот пат бев во октомври.Бевме на екскурзија од школото.Прво бевме во Музејот на Македонската Револуционерна Борба.Жива досада,чоече.Абе тоа големооо ехее да се загубиш во него. :D Имаше и фигури од борци кои изгледаа како живи да се направени од восок.Темно и ладно,а во заднина имаше музика :|.Потоа бевме на Манастирот Св. Пантелејмон каде исто така умревме од досада 2 саати така седење |-(.И потоа конечно на прошетка низ Скопјето.Јадевме во Седмица,се шетавме низ ГТЦ.
 

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
Бев пред точно 1 месец во Ск.. последно .. и сеа чекам да дојде недела и да ја киднам пак, ама гледам многу убаво украсено, што значи дека можно е да не одам у Метрополис туку на плоштад.
Иначе просто почнав да го обожавам градов, не знам зошто, можеби затоа што луѓето кои ги сакам ми се таму, најверојатно, ама од ден за ден е се поубав :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Martin_MKD

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Скопје е градот во кој е роден прадедо ми, нормално и сите генерациии по него. Скопје го сакам не само затоа што сум родена туку, туку затоа што Скопје е град со душа. Ќе направам споредба на „моето Скопје“ со „Скопје -сега.“
Моето Скопје (некаде почеток на 90-тите...)
Јас секогаш ќе го памтам по преубавата пролет (сега нема таква пролет), мирисот на липа и трева, нежното сонце наутро, прошетките во Луна парк и градскиот парк (ова посебно во пролет и есен), Рубин Кармин - мирисот на продавниците и љубезноста на вработените тетки, ќебапчињата во Дестан, старата чаршија, чаиџилниците и безистенот, слаткарницата Шехрезада, стоковната куќа „Мост“, „Пеко“, ГТЦ... Толку многу слики, мириси, сеќавања...
Скопје сега...
Нема веќе пролет, Луна паркот е никаков, градскиот парк е ок, Рубин Кармин веќе одамна не фукционира така како порано, а и продавниците не се распространети како порано, ќебапчиња немам јадено 3 години(по моја вина), во чаршија одам само кога морам, Шехерезада не е тоа што беше, веќе немаме стоковни куќи, ГТЦ има нови продавници... Премногу сивило за мој вкус.