Синузитис (воспаление на синусите)

Зумбула

Истакнат Член
20 февруари 2012
56
54
318
Синузитис е инфекција или воспаление на мембраната од синусните шуплини. Тоа се празните простори во вашите образи и околу очите. Синусните инфекции често доаѓаат како последица на настинка и предизвикуваат болка и притисок во вашата глава и лицето.Синузитисот може да биде акутен (ненадеен) или хроничен (долготраен). Со хроничничниот синузитис инфекцијата или воспалението нема едноставно целосно да си исчезне во рок од 8 седмици или повеќе.
Синузитисот може да биде предизвикан од три:
- Вируси
- Бактерии
- Габи
Истите вируси кои ја предизвикуваат општата настинка се причина за повеќето случаи за синузитис.
Кога мембраната на синусните шуплини ќе се воспали од вирусна инфекција како грипот, таа потекува. Тоа е вирусен синузитис. Отокот може да ja блокира нормалата дренажа на течности од синусите во носот и грлото. Ако течностите не можат да протекуваат и се зацврстат со тек на време, тука може да се создадат бактерии и габи. Овие бактериски и габни инфекции можат да предизвикаат уште поголем оток и болка. Тие се со поголема веројатност да траат подолго време, да се влошат со тек на времето и да станат хронични.Носните алергии или другите проблеми кои ги блокираат носните празнини и дозволуваат течностите да се затврднат во синусите можат да водат до синузитис.
Главните симптоми на синузитис се течење или затнат нос и болка и притисок во вашата глава и лицето. Вие исто така можно е да имате жолто или зелено течење од носот или надолу од задната страна на вашето грло (пост-носно лачење). Каде ќе ја почувствувате болката зависи од тоа кој синус е заболен.

Како ги третирате воспалените синуси?
Има ли трајно решение?
Кој домашен третман сте го применувале и дали дал резултати?
 
Последна промена од модератор:

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
отсекогаш имам проблем со нив.... употребував некој раствор во аптека го има на база на сардела многу ми помогна .. иначе обичен раствор од сол и вода по неколку капки на ден и зимава ја поминав скоро безболно :) иначе и инхалации од камилица и морска сол помагаат и да се избегнуваат млечни производи :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
отсекогаш имам проблем со нив.... употребував некој раствор во аптека го има на база на сардела многу ми помогна .. иначе обичен раствор од сол и вода по неколку капки на ден и зимава ја поминав скоро безболно :) иначе и инхалации од камилица и морска сол помагаат и да се избегнуваат млечни производи :)
Има и еден спреј по аптеките,мислам дека марисол се викаше ... Раствор од морска сол е, ми помогна доста зимово :) Иначе,и јас имам одсекогаш проблеми со нив ..што ти не пробав, лед лампи, еден куп терапии...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Има и еден спреј по аптеките,мислам дека марисол се викаше ... Раствор од морска сол е, ми помогна доста зимово :) Иначе,и јас имам одсекогаш проблеми со нив ..што ти не пробав, лед лампи, еден куп терапии...
Е тие ламбите се штетни дека придонесуваат за поголемо воспаление ако причинители се бактерии или вирози ;)
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Синузитис е инфекција или воспаление на мембраната од синусните шуплини. Тоа се празните простори во вашите образи и околу очите. Синусните инфекции често доаѓаат како последица на настинка и предизвикуваат болка и притисок во вашата глава и лицето.Синузитисот може да биде акутен (ненадеен) или хроничен (долготраен). Со хроничничниот синузитис инфекцијата или воспалението нема едноставно целосно да си исчезне во рок од 8 седмици или повеќе.
Синузитисот може да биде предизвикан од три:
- Вируси
- Бактерии
- Габи
Истите вируси кои ја предизвикуваат општата настинка се причина за повеќето случаи за синузитис.
Кога мембраната на синусните шуплини ќе се воспали од вирусна инфекција како грипот, таа потекува. Тоа е вирусен синузитис. Отокот може да ja блокира нормалата дренажа на течности од синусите во носот и грлото. Ако течностите не можат да протекуваат и се зацврстат со тек на време, тука може да се создадат бактерии и габи. Овие бактериски и габни инфекции можат да предизвикаат уште поголем оток и болка. Тие се со поголема веројатност да траат подолго време, да се влошат со тек на времето и да станат хронични.Носните алергии или другите проблеми кои ги блокираат носните празнини и дозволуваат течностите да се затврднат во синусите можат да водат до синузитис.
Главните симптоми на синузитис се течење или затнат нос и болка и притисок во вашата глава и лицето. Вие исто така можно е да имате жолто или зелено течење од носот или надолу од задната страна на вашето грло (пост-носно лачење). Каде ќе ја почувствувате болката зависи од тоа кој синус е заболен.

Како ги третирате воспалените синуси?
Има ли трајно решение?
Кој домашен третман сте го применувале и дали дал резултати?

Имам хроничен синузитис уште од кога паметам за себе.Го имам наследено од мојата мајка.
Порано коа не се нервирав многу, а синусите се активираа главата ми пукаше ми идело да ја пресечам.
А сеа не знам од што ме боли глава и супер ми е не му се замарам.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Деновиве ме убија синусите. Мислам, среќа ретко имам некакви поголеми болки од нив, но има и вакви денови кога коските кај веѓите не ги осеќам за мои.
Највеќе ми помага Септоназал, ништо посебно, но брзо ме откукува.
Има една точка т.е. ко мала вдлабнатина на почетокот на веѓите која многу помага при болката во тој предел.
Оваа слика успеав да ја најдам за тие точки, но за појак стисок подобро е со палецот да се стисне на тоа место, а со показалецот да се притиска одозгора врз истата точка и да се држи дури не осетите болка на праг на неиздржливост.
Потоа полека, но уште со силен стисок, влечете ги прстите нанадвор, односно кон крајот на веѓите.
Works every time.
Bright_Lights_Point_HUM_Nutrition_Blog.jpg