Ее, лепојкава Даер е типичен примерок на мисионерка, а тие ми се најболни некако.
За визионерине барем апла е докажано дека се делузионални и претежно со некоја ментална болест, но овие што делуваат нормални, дури и спасувачки настроени, се најстрашните кога ќе се поврзат конците. На оваа лицето ќе ѝ го простиме, речиси сите од тој период имале таква лепота.
Од визионери, еве ви едно бате со јака визија и желба да стане магионичар...
Ахмад Сураџи од Индонезија.
![]()
Не дека сликава е со екстра квалитет, ама сте приметиле ли како на многу им се исти очите? Пропаднати подочници и заледен, намуртен и изгубен поглед.
Е, на лепотанов му се сонил духот на татко му кој му кажал да убива за да добие магионичарски моќи. Наводно, требало да убие поголем број жени и да пие од нивната плунка за да добие моќ. Ги имаше некаде опишано целосно ритуалите. Памтам ги копал во двор до глава или до пола, секогаш свртени накај куќата која ја чувал со отворени прозори за да влегувала енергијата. Жртвите биле претежно жени кои иделе кај него за некакви тревки за убавина, но имало и дечиња од кои најмалото имало 10-11 години. Ги убивал така што ги давел полузакопани, а неговите три жени ја собирале плунката од жртвиве дури се бореле за здив, за потоа батецов да ја пие.
Бил осуден на смртна казна и стрелан во 2008.
Амелија, слично како и финиот доктор од погоре најмногу убивала за материјална корист, во зенитот на британската империја во тоа време постоела професија нешто како мешетар за деца

Оваа, во духот на времето почнала да се бави со тоа `индустриски`, на големо. Нормално купените деца завршувале во некоја река откако ги давела со каиш...и тогаш менување на местото и одново... подоцна веројатно почнала да ужива во убиствата и почнала да остава трагови...
Жените инаку многу ретко се сериски убијци. Но кога еднаш почнуваат, работат на големо
