Си читав прееска нешто, за некојси Мос кој бил опседнат со сериски убијци и со тоа да стане фби агент, па почнал да комуницира со неколку од нив кои се наоѓале по затворите. Мислел дека со комуникацијата со нив, ќе им влезе во глава, ќе разреши што се таму се дешава и ќе си пише поен плус за кариерата што си ја посакувал. Со претставување на себеси како потенцијална жртва, како можен нивни имитатор или огромен фан, успеал да почне да се допишува со некои од најпознатите сериски убијци во Америка. Е сега целата приказна е околу еден од нив, поточно Џојн Вејн Гејси кој убил над 30 деца.
Мос си измислил живот и лик сличен како кај жртвите на Гејси и тука го добил неговото внимание. Во писмата ги добивал сексуалните желби на убиецов, а после некое време пишување, се слушале и по телефон. После долгата дружба, се договориле Мос да замине во затворот каде врз Гејс требало да се изврши смртна казна. Е сега како си читав понатаму, овој дел баш не ми беше за верување, ама откако барав за случајов нешто повеќе, не само што вистина се десило него и има и
филм за тоа. И тоа македонец бил режисерот. А Мос за ова напишал и книга-Последната жртва во која порачал дека кога човек еднаш ќе се сретне со голема темнина, никогаш и никако не ќе може да избега од неа. А еве и
ова и
ова плус.
Да се вратам на делот што ми беше малце тежок за верување.
Кога се сретнале во затворот, средбата не била онаква стандард посетител-затвореник, него чуварите не само што го пуштиле да биде во иста просторија со Гејси, него и ги оставиле сами, а ги исклучиле и камерите. Врска немам зошто тоа го направиле, ама успеале да го спасат Мос кога овој почнал да станува агресивен и посакал да го силува и убие.
После случкава, Мос престанал да се интересира за сериските убијци и паднал во тешка депресија што дури на 06.06.2006 извршил самоубиство поради траумите што ги доживеал.
Уште не знам зошто и како чуварите дозволиле еден непознат млад човек да остане сосема сам и беспомошен во иста просторија со такво чудовиште. Ај што го оставиле па и камерите ги исклучиле. Ама ок...