Сексуално воспитување

Зумбула

Истакнат Член
20 февруари 2012
56
54
318
Средношколка отишла да абортира. Докторот ја прашал:
- Сакате поскапо или поевтино?
- Поевтино. Докторот зел бисквити и кока кола и ги ставил во вагината.
Другиот ден пак, повторно истата терапија, бисквити и кока кола.
Третиот ден исто, бисквити и кока кола и и рекол:
- Утре ти е последен ден.
Отишла четвртиот ден, докторот и ставил кока кола, зел безбол палка и чекал. Бебето излегло и рекло:
- А бисквити?
Докторот:
- Еве ти бисквита, ѓубре едно!!!

Голем дел од младината не е запознат со сериозноста на темата Секс. Чинот самиот по себе не бара многу за запознавање, но последиците можат да бидат фатални. Проблемот е што кај поновите генерации најпрвин се изучува практиката, а на крај теоријата.
Зошто тоа да биде така?
Зошто сексот е табу-тема во нашето општество?
Дали домашната едукација на оваа тема кај нас е на ниво? Доколку е позитивен одговорот на ова, зошто толку млади луѓе се срамат да разговараат на оваа тема со родителите?
Како вие го добивте вашето сексуално воспитување?

Кока Кола и бисвит не се еднакви на Норлево. А неинформираноста е лоша. Девојка на 17 години се прашува дали може да забремени после секс со перница, некој нејзин другар се прашува дали може да забременила од него девојката од порно видеото, и ред други траги-комични приказни.
Додека образованието во државава нема средства да воведе изучување на предмет Сексуално воспитување во училиштата, бројот на заразени од сексуално преносливи болести и абортуси ќе расте рапидно. Додека постарите членови од семејството се срамат да зборуваат со младите на оваа тема, сметајќи дека е рано или дека не е соодветна тема за разговор, младите ќе успеат да се едуцираат сами доколку имаат желба, но добар дел од нив неправилно; наместо суштината на вистинската заштита на нивното здравје и здрав сексуален живот, наидуваат на искривени слики за реалната сатисфакција и одговорност која ја носи интимниот живот.

Историја на религиите, Граѓанско образование и ред други, непотребно основците ги учат уште од 5-то одделение. Јас на нивна возраст ги немав овие предмети во распоред, следствено не им ни требаат ни нив; на нивно место може да се воведе нешто корисно, да речеме од 7-мо одделение да се изучува Сексуалното воспитување. Ќе научат што е заштитување, што е безбеден однос... барем во поголемиот број случаи ќе се овозможи безбедна иднина. Ќе си го запознаат своето тело, пред да биде премногу доцна и заради неинформираност да си го запустат животот.
 

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Ако сакаат нешто да ги снајде, нека не читаат, нека не прешуваат... Значи ако сакам нешто да направам мислам што би можело да се деси... ! ама пошо се ветрушки нека јадат се што лета, не сум им јас крива... ај да земам да ги учам, па ќе те направат к***а, ваква таква...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Не е повеќе табу тема.
Децата (ако можам воошто да ги наречам така) се повеќе едуцирани од моја генерација и постари, кога сме биле ние на нивна возраст. Проблем настанува кога дете ќе направи беља со големи и сериозни последици, за подоцна да да се вади на неедукација од страна на држава, образование, наставници - професори.

Коренот на овој проблем лежи во домашно воспитување.
Денешните современи мајки на своите деца, без оглед на пол, треба со навлегување во пубертет да им објаснат што ќе се случи ако затвореник често посетува ќелија. Дека е возможно доживотно да остане во истата.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Дали е табу - тема?
Па секаде има црно и бело.
Има семејства во кои се зборува отворено на оваа тема, децата се запознаваат со поимот „секс“ и со сите последици и благодети што сексот ги нуди.
Сепак, за жал, има семејства во кои, децата не смеат да кажат дека имаат дечко или девојка, а камоли да зборуваат дома за полови односи.
- таквите деца според мене завршуваат или со полн стомак на 17 години, или пак фаќаат некоја полово пренослива болест.

За да се направи некоја рамнотежа во ова, секако дека треба да се внесе сексуалното образование во училиштата.
На таков начин, децата кои дома не можат да разговараат со своите родители, ќе разговараат во училиште. На таков начин, децата ќе бидат заштитени, образовани, спремни за да се впуштат во тој живот.

Но, и покрај се’, свесно тврдам дека секое дете, кое психички добро ќе созрее, кога ќе наиде на нешто ново и за него непознато, ќе истражува. Денес постои интернетот, *благодет кој пример јас го немав кога бев во пубертет. И постоењето на интернет, може многу да им помогне на тие што сакаат да дознаат. Постојат форуми, постојат блогови на кој медициски образовани личности зборуваат на таа тема. Постои буквално се‘.

Значи. Сума сумарус, сакав да кажам : Ниту образованието само може да постигне сите деца да се едуцираат на оваа тема, ниту семејството, а ниту детето. Но кога семејството и образованието како две институции ќе се спојат, ќе го поттикнат детето и тоа само да почне да чита литература, да прашува, да се интересира.
Само така ќе се спречи рапидното растење на абортуси, полово преносливи болести, прерано губење на невиност, и слично.
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
Абе нема везе табу-тема, онј пут тато ми збори. Објаснува објаснува и на крај ми кажа само 5 минута слатко, цел живот татко.
 

vitocorleone

Староседелец
27 јуни 2012
75
39
1,018
35
ДА, ама пред се домашно, а потоа и на училиште, децата растат со улична школа за сексот, подоцна повеќето работи ги учат на нашите богати порно канали на телевизија, лесната достапност на интернет и на 15-16 години имаме совршени секс партнери од нив, некои продолжуваат да се надополнуваат стекнувајки се со титула скоро порно ѕвезда.
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Потребно е да се воведе. Ама како да им објасниш на вејкиве дека зборот пенис и вагина не се нешто на кое почнуваш да се смееш како ненормален, или пак да даваш различни асоцијации за јајниците.
Во средно, кога мислат дека Господ за м*да го фатиле би било најпогодно според мене. Фактички тогаш и се случуваат најголемиот број од „бељите“, или веднаш по матурата, затоа што нели, веќе се зрели личности.
Мора тинејџеркиве да разберат дека на тие години секој ден е плоден, да заборават на „маче сврши во мене, неплоден е денес“. Со кој памет...
Мушкарциве да разберат дека сексот не е само празнење на пенисот, туку мора да се пристапи кон него со троа повеќе памет. Ова важи за сите додуша.
И не ми е јасно како тоа почнуваат со секс, а не сакаат ни да слушнат за гинеколог. Срамота било. Според мене срамно е на 15 години да имаш анален, а да се декларираш како virgin, затоа што имаш недопрен химен.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Не се едуцираат доволно бе,ко да не слушнале за презервативи (facepalm)ама после оф леле мори мајко ама убаво им е кога се клецкаат.Нека ги.После абортуси а у...а не знаат изгледа дека и тоа е критично.