Секојдневна грижа за кожата (скинкер рутина)

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Бидејќи сум пресреќна што конечно ја најдов рутината што ми одговара на кожава и лицето ми е поубаво и посвежо отколку кога бев тинејџер, ја отварам темава за да го споделам искуството, како и за меѓусебни совети.

Секако, морам да напоменам дека уште експериментирам, додавам и одземам за да видам подобри резултати.
Најбитно нешто е да научите редослед на состојките и кои не се мешаат, понатака е лесно.

Да не должам, ова се производите што моментално ги користам и по следниот редослед.

Наутро: миење со нежна пена или гел за лице - витамин Ц серум (почнувам од утре) - ниацинамид (навлажнувач) - хијалуронска киселина (ова ако ми е посува кожата, инаку претежно навечер ставам пошто имам хијалурон во дневната крема) - Centella Asiatica (навлажнувач/омекнувач кој ми е нов во рутината, но веќе го обожавам) - ретинол - дневна крема со хијалурон од Лореал - SPF 50 преку лето (и 30 преку зима)

Навечер: миење со пена или гел за лице - салицилна киселина за пилинг (ова 2-3 пати неделно) - хијалуронска киселина - Centella Asiatica - ретинол - Q10 ноќна крема

Можеби делува ко многу, но не одзема повеќе од 10-15 минути. Засега немам приметено никакви иритации, иако за некого салицилната, ретинолот, па дури и витамин Ц може да бидат иритирачки. Затоа е потребнода се испроба првин на одреден дел од кожата (над лактот пошто е нежна или на дел од вратот/образот), па потоа постепено да се внесе во рутина, почнувајќи од 2, па 3, па 4 пати неделно, итн.

Резултати секако дека нема веднаш. Ми требаа некои 3 месеци да почнам убаво да гледам разлика.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dina_LC

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Денес земав и пептиди, баш ми се вклопуваат со вечерната рутина, ако не ми одговараат, ќе ги користи мајка ми.
Еве убаво и кратко објаснување за нивната улога и со што е препорачливо да се комбинираат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bozle

MajkaMuNaMarko

Староседелец
18 февруари 2020
38
19
1,008
38
Гледам дека многу е популарно во земјава практикување на дневна и ноќна рутина на лице.
Јас до сега не сум практикувала нешто посебно специфично. Користам Еуцерин крема и наутро и навечер, мијам лице со мицеларна вода или пената на URIAGE, вадам шминка со марамчиња (кои гледам дека се сметаат за најголем грев кај кожните доктори).
Дали би сакале да ја споделите вашата рутина за лице согласно вашиот тип на кожа и дали ви е погодена?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ги споив темите, ама супер е да се видат други мислења. :)

Јас со пептидите не видов ништо, ама ваљда рано ѝ е на мојава кожа за тоа, шознам...

Сега сум на минимум т.е. преку ден менувам Витамин Ц серум или Ниацинамид + дневна крема, а навечер салицилна киселина или АХА 5.1% пилинг серумот на Тру Алкеми + хијалуронска киселина + ноќна крема или бебешката крема од ДМ со камилица.

Засега е сосема океј. Еве гледам дисколорацијата ми се трга од Тру Алкеми серумот од само недела дена користење, па ќе видиме натака.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MajkaMuNaMarko

MajkaMuNaMarko

Староседелец
18 февруари 2020
38
19
1,008
38
Ги споив темите, ама супер е да се видат други мислења. :)

Јас со пептидите не видов ништо, ама ваљда рано ѝ е на мојава кожа за тоа, шознам...

Сега сум на минимум т.е. преку ден менувам Витамин Ц серум или Ниацинамид + дневна крема, а навечер салицилна киселина или АХА 5.1% пилинг серумот на Тру Алкеми + хијалуронска киселина + ноќна крема или бебешката крема од ДМ со камилица.

Засега е сосема океј. Еве гледам дисколорацијата ми се трга од Тру Алкеми серумот од само недела дена користење, па ќе видиме натака.
А кажи ми, на своја рака си ги земаш производиве или по препорака на доктор?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
А кажи ми, на своја рака си ги земаш производиве или по препорака на доктор?
На своја пошто не треба никаков рецепт за овие. Само си треба малку тестирање што ѝ одговара на кожата. :)
Сум одела и по препораки на доктори ко тинејџер, една ме отру со антибиотици и ништо, друга ме прати кај козметичарка да ми стиска активни акни и така ми се отворија дупки по лице што и денес ги влечам и се мачам со триста скапи третмани да ги намалам, така да подобро сама.
Има одредени ретиноиди за акни и брчки што се препишуваат и може да идат само на рецепт, али најголемиот дел козметика се „слободни“ за проба за обичниот човек. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MajkaMuNaMarko