Секојдневна грижа за кожата (скинкер рутина) | Црнобело Форум

Секојдневна грижа за кожата (скинкер рутина)

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,692
7,241
1,153
Big Sur
Бидејќи сум пресреќна што конечно ја најдов рутината што ми одговара на кожава и лицето ми е поубаво и посвежо отколку кога бев тинејџер, ја отварам темава за да го споделам искуството, како и за меѓусебни совети.

Секако, морам да напоменам дека уште експериментирам, додавам и одземам за да видам подобри резултати.
Најбитно нешто е да научите редослед на состојките и кои не се мешаат, понатака е лесно.

Да не должам, ова се производите што моментално ги користам и по следниот редослед.

Наутро: миење со нежна пена или гел за лице - витамин Ц серум (почнувам од утре) - ниацинамид (навлажнувач) - хијалуронска киселина (ова ако ми е посува кожата, инаку претежно навечер ставам пошто имам хијалурон во дневната крема) - Centella Asiatica (навлажнувач/омекнувач кој ми е нов во рутината, но веќе го обожавам) - ретинол - дневна крема со хијалурон од Лореал - SPF 50 преку лето (и 30 преку зима)

Навечер: миење со пена или гел за лице - салицилна киселина за пилинг (ова 2-3 пати неделно) - хијалуронска киселина - Centella Asiatica - ретинол - Q10 ноќна крема

Можеби делува ко многу, но не одзема повеќе од 10-15 минути. Засега немам приметено никакви иритации, иако за некого салицилната, ретинолот, па дури и витамин Ц може да бидат иритирачки. Затоа е потребнода се испроба првин на одреден дел од кожата (над лактот пошто е нежна или на дел од вратот/образот), па потоа постепено да се внесе во рутина, почнувајќи од 2, па 3, па 4 пати неделно, итн.

Резултати секако дека нема веднаш. Ми требаа некои 3 месеци да почнам убаво да гледам разлика.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dince Kapince