Св. Валентин

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
После 8 часа втора смена .. не би можела да претнам а не да славам Св. Трифун или пак Св. Валентин ..
Сеисто и небитно ќе пишам ливче и со другар ми ќе гледаме лига !! Можеби малку винце ќе се напиеме и тоа е тоа .. не сум расположена за славење .. а за идеи за поклони се согласувам со Arkantos ама скроз ! :) И со Марија :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија and Arkantos

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
:zelen

404923_462828033771951_420216250_n.jpg
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
14 фебруар, денот на заљубените..
Ако баш на 14 дојде со некој поклон као демек еве ме ја исполнувам обврската, се потрудив да ти донесам цвеќе или било што, а преку цела година владее негативност измеѓу нас, би му рекла одјебаус.
Освен тоа 14 фебруар, те Св. Валентин за мене не е ништо друго освен бизнис.
Цвеќиња, накити, бонбоњери..само пари се прават со тоа, и на тој начин мислам се губи вредноста на тој ден.
Прочитав некаде во погорните постови дека ја имаме Св. Софија како ден на заљубените нешто наше( за кое и незнаев дека постои).
Тоа се заборава, а се слави Св. Валентин мислам глупо е некако да превземаме нешто од Американците, а нашето да го забораваме..
Како и да е,.. за некој да ми покаже дека му значам и дека ме сака, или па обратно јас нему не се потребни пари и било какви поклони..
Со кармин напишано те сакам на огледалото наутро би било повеќе него доволно:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Офтопик:

14 февруари во аптека:
-Добар деееееееен!
-Нема дечко, се потрошија.....

Онтопик:

11372_563622070314808_18919255_n.jpg
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Lena
Морав да те тагнам за обавезно да го прочиташ постот, бидејќи видов дека не си запознаена со нашиот празник Св. Софија.
Тоа е игрешката, односно цената која ја плаќаме за нашата пуста желба да се приближиме до „американците“ - од таквата желба ги заборавивме нашите празници, оние по кои сме познати.
Св.Софија се слави на 30ти Септември, таа е мајката на верата, љубовта и надежта...
И тој датум е православниот датум на вљубените.
Во моето село пред многу години, на тој ден, девојките облекувале бели кошули, оделе на изворот, и береле од цветовите кои растеле околу изворот од нив правеле венец и и си ги плетеле косите, полнеле вода во стомни, и со песна оделе по куќите каде имало „ергени“. Се верувало дека ергените кои ќе се напијат од водата која им ја давале девојките таа година ќе се заљубат и ќе се оженат.
Ете колку убава традиција имало за денот на вљубените во МАКЕДОНИЈА.
А денес што?
ТРЧАМЕ КАКО ПОПАРЕНИ ОД ПРОДАВНИЦА ВО ПРОДАВНИЦА ДА СЕ КУПИ МЕЧЕ, ДА СЕ КУПИ ОВА ДА СЕ КУПИ ОВА, АМЕРИКАНЦИ ЌЕ СЕ ПРАВИМЕ.

Г - Л - У - П - О - С - Т - И.
 

D.Kettering

Нов член
14 февруари 2013
18
22
3
Ни купувам ни сакам да ми купуваат. Обичен ден , како и секој... Повеќе ќе ја израдувам било кој друг ден, освен денес.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Badgirl, foREVer and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Lena
Морав да те тагнам за обавезно да го прочиташ постот, бидејќи видов дека не си запознаена со нашиот празник Св. Софија.
Тоа е игрешката, односно цената која ја плаќаме за нашата пуста желба да се приближиме до „американците“ - од таквата желба ги заборавивме нашите празници, оние по кои сме познати.
Св.Софија се слави на 30ти Септември, таа е мајката на верата, љубовта и надежта...
И тој датум е православниот датум на вљубените.
Во моето село пред многу години, на тој ден, девојките облекувале бели кошули, оделе на изворот, и береле од цветовите кои растеле околу изворот од нив правеле венец и и си ги плетеле косите, полнеле вода во стомни, и со песна оделе по куќите каде имало „ергени“. Се верувало дека ергените кои ќе се напијат од водата која им ја давале девојките таа година ќе се заљубат и ќе се оженат.
Ете колку убава традиција имало за денот на вљубените во МАКЕДОНИЈА.
А денес што?
ТРЧАМЕ КАКО ПОПАРЕНИ ОД ПРОДАВНИЦА ВО ПРОДАВНИЦА ДА СЕ КУПИ МЕЧЕ, ДА СЕ КУПИ ОВА ДА СЕ КУПИ ОВА, АМЕРИКАНЦИ ЌЕ СЕ ПРАВИМЕ.

Г - Л - У - П - О - С - Т - И.
Потполно се согласувам со тебе, а за св. Софија навистина и незнаев.
Разговарав вчера со некои луѓе на тема св . Софија никој и не знаеше за тој празник со такво значење.
Убава традиција, би сакала и јас сега да наполнам стомна со вода и да му дадам на саканиот да се напие:)уствари на 30 септември..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos