Св. Валентин vs. Св. Трифун

Што ќе славите утре, т.е што најчесто славите?

  • Св. Валентин

    Гласови: 3 8.1%
  • Св. Трифун

    Гласови: 22 59.5%
  • И двете

    Гласови: 12 32.4%

  • Вкупно гласале
    37

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Мене не ми треба посебен ден да ја славам Љубовта.
Мразам филмања од типот: лелелееее утре е свети валентајн треба да и’ купам роза на девојка ми, и мече едно, и мерси чоколатчиња.
Лелеее романтична вечера да направам.
А почекај малку. Денес не ја сакаш девојка ти? Мора Св. Валентајн(кој башка не е православен празник) да ти биде поттик да ја славиш љубовта со девојка ти?

Св. Трифун си го славам да. Секоја година, како што е адетот, малку вино капнувам во лозјето, и пиеме на сабајле по една чашка вино...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius and Сара.13

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
За оние кои се вљубени во себеси, она најважното :D

enhanced-buzz-wide-8793-1423587291-7.jpg

enhanced-buzz-wide-26648-1423586992-22.jpg

enhanced-buzz-wide-6934-1423587169-7.jpg

enhanced-buzz-wide-26371-1423586842-31.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Славам два во едно, двата празника се убави, но годинава т.с.во вторник на 13.02. сакам да одам да го прославам св.Трифун и тоа во Демир капија..општината таму организира прослава, закуска, а превозот е бесплатен од Скопје до Дк и назад, со новиот воз.
:kafe
 

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Ништо не славам, ниту едниот, ниту другиот празник..Но, наидов на интересен податок, а тоа е дека Тајланџанките баш на овој св.Валентин празник, ја подаруваат својата невиност на своите момчиња:)..хахахахаха..можам да ги замислам момчињата како бројат денови на календарот со нетрпение:gladenза да се омрсат за прв пат со своите момички;)

Многу ми се допаѓа обичајот на Финците, за нив св.Валентин е празник на пријателството, ден кога сите се сакаат и меѓусебно си праќаат анонимни пораки и секој треба да погоди од кого му е испратена(flower)

Среќен празник, било кој да го славите, пијте, љубете и веселете се(party)(inlove):*(pivo)(nod)
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Колкумина од вас знаат воопшто нешто за овие двајца ликови од Римската и православната црковна историја? :)
Сомнителни сте околу овие празнувања...

Бидејќи овие празници се религиозни празници, се празнуваат како потсетување на големата христијанска вера што ја имале според писанијата овие двајца.
Дури подоцна, како кај Трифун, дури 7 века подоцна - додадено дека е патрон на лозарите и го поврзуваат со уште постари ритуали ...
Валентин пак бил претепан како куче до пред умирање за на крај му ја отсечат главата бидејќи не ја послушал заповедта на императорот.

Читајќи ги многуте форуми и тука и по светот, ние повеќе сакаме да ги празнуваме празниците во стилот на "старите Баханалии " во чест на богот Дионисиј отколку како што би сакале христијанските свештеници :)

Интересно, интересно :)
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Јас сакам да славам празници кај што ќе се најадам, напијам и ќе си легнам :| што значи, секој ден ми е празник :giggle
Од Валентајн убава ми е симболиката, да ја воспеваш љубовта, да се радуваш. И навистина не гледам ништо погрешно тука, без разлика дали е православен, католички или не знам каков. Пре би се радувала на Валентајн отколку на некој од стотиците што ги имаме кај што не се пере и пегла, појма неам зашто :^)
И Св. Трифун го сакам, док е полно шишето :D
Во главно, сакајте се, пијте убаво вино и бидете среќни. Не паламудете.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI