Само за женски

DadyGril

Нов член
21 јануари 2014
2
1
1
29
Девојки значи ми треба мала помош од вас сега незнам колку можете да ми кажете ама би сакала да ве прашам за симптомите на бременост веќе неколку дена ми се гади , неможам да поднесам мирис од јадењата,ми се врти и многу јадам денеска бев на интерно и ми најдоа нешто како пполноглавче малецко и ми кажаа дека не е од циклусот и дека е од нешо друго а дома неможам да кажам на мојте ќе има веќе 20 дена од кога кријам од мојте може ли да ми кажете дали сум навистина бремена или не однапред фала :wub
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Прво колкава си? И зашто да не можеш да кажеш на твоите па ако навистина си еден ден ќе мора да им кажеш освен ако не оставиш сами да си приметат. Второ остај ги симптомите тие не можат со сигурност да ти потврдат дали си или не си. Прво нешто што би можела да направиш е да отидеш до аптека и да си купиш еден тест за бременост, ако ти е срам кажи за мајка ти е :D шала на страна за вакви работи не треба да се има срам. Но бидејќи и тие не се баш сигурни и не потврдуваат 100% тогаш направи си една крвна слика со мокрача и преку тоа се познава па од таму "тетките" ќе те испратат на гинеколог доколку си за таму, а доколку веќе имаш матичен гинеколог батали се и оди кај него на преглед, а па доколку немаш и си ќе треба да си најдеш. И не криј од твоите не е крај на светот ако си бремена.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Хормоните во крвта не лажат никогаш, а дури ни тогаш. Ќе си провериш хормони во крвта, ќе отидеш кај гинеколог и ќе ти ги протолкува резултатите. Тоа дали ќе кажуваш или не, твоја работа.


Ох, не сум женско па слободно помини преку мојот пост. (не дека инаку не би можело, ама хеј(!) у насловот пишува дека е само за женски)
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Прво колкава си? И зашто да не можеш да кажеш на твоите па ако навистина си еден ден ќе мора да им кажеш освен ако не оставиш сами да си приметат. Второ остај ги симптомите тие не можат со сигурност да ти потврдат дали си или не си. Прво нешто што би можела да направиш е да отидеш до аптека и да си купиш еден тест за бременост, ако ти е срам кажи за мајка ти е :D шала на страна за вакви работи не треба да се има срам. Но бидејќи и тие не се баш сигурни и не потврдуваат 100% тогаш направи си една крвна слика со мокрача и преку тоа се познава па од таму "тетките" ќе те испратат на гинеколог доколку си за таму, а доколку веќе имаш матичен гинеколог батали се и оди кај него на преглед, а па доколку немаш и си ќе треба да си најдеш. И не криј од твоите не е крај на светот ако си бремена.

-сигурно ќе ја прашаат за кого е :D
Инаку се сложувам, тест за бременост или посета на гинеколог ...
DadyGril па ако имало дешавка, пукање кондом или односни без кондом нормално дека постои можност за бременост
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
И што ќе речат... му дошло на чупево, за срамота! Хех.. :frantic Се зезам бе!

Па и ти.... ќе влезиш намуртена, ќе си извадиш 200 денари и ќе прашаш тивко... „тестови за бременост за билокое време од денот“ и остануваш намрштена. И ти кажува цени, го земаш најскапиот (изглеа најубо Шур Чек што го рекламираат на радио) и низ врата...
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
А зар има тестови за бременост за било кое време од денот? :eek
Правење комерцијален тест за бременост со првата утринска урина е најверодостојен, зашто истата е поконцентрирана а со тоа е повисока и концентрацијата на hCG ...
Може да се направи и во текот на денот, ама разликата е во концентрираноста на урината, па неретко може да даде лажно негативен резултат.
Се разбира најточно и највалидно е потврдувањето на hCG преку венска крв.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија and escape

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Да не претеравте малце?
Какви ботови што пишуваат, ама стариве малку да си почитуваме правило и ако веќе ни` е до чет, да си пишуваме во таа тема?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and $3Я3|\||)&p&†Y