Само дојди

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Само д(п)ојди,
во изгревот на сонцето,
со насмевка
и без ветување.
Д(п)ојди со прегратка
без ракување,
со очи широко отворени
во новиот ден.
Од(по)несиме на врвот
од планината,
како секогаш,
(не)помислувај на мене,
тогаш кога небото плаче,
тв(м)оето срце е широко
има место за с(т)е*е
и по толку п(р)аѓања,
сонувања и страдања.
См(Ф)атија месечината,
таа ти свети со н(м)оќта,
д(с)оприја,со(из)горија во пепел,
сребрена или мермерна,
соголија,
тв(м)оја е,
и насмеј се.
Прости ми(си) за се,
(не)допирај ме,
и (ис)чезни.
 
Последна промена:

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Дојди во ноќва,
те молам,
претемна е, глува е,
дојди.
Те чекам на местото
на заборавените соништа,
како шум,
како пламен на светулка која се губи,
како молк.
Дојди,
од вечноста откината,
самотна,
како волчица,
безкрајна како река,
со тежина на непребол,
со лаеж на кучиња
заминувам бездушно.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Само дојди
оваа ноќ последна
кога небото над нас заспива,
па како прв пат прегрни ме
и помилувај ме по усниве,
те шепотеа толку долго.
Дојди,
како крадец,
пресретни ми го погледот,
па зануркај во очиве,
да видиш
зора без сонце,
и ноќ без месечина,
згаснати соништа,
ангел без крилја,
се што никогаш не виде,
а се што создаде,
во ноќта нема,
во молкот што одекнува,
зборовите полека се бришат,
буква по буква,
и речените и тие што чекаа да бидат
изречени,
да не остане сведок,
на се што било и не било,
засекогаш во времето
заборавено.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Само дојди,
и однеси ја грубоста од мене,
кога љубовта е кревка,
пронајди во неа,
има една вистина,
со неа,
напиши ја повторно,
нашата радосница,
со сонцето крваво,
погреби ја,
во ѕвездите,
од нив,
со поглед,
нека пијат,
заљубените.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Дали сум грешна што те посакувам во ноќите безсони?
Дали сум грешна што воздишка ми се зема кога на тебе ќе помислам, кога ќе посакам да ти се дадам?
Дали сум грешна кога градите болни ѓи стегам,страста да ја зауздам?
Дали сум грешна што сакам да бидам мала капка твоја пот, да лизгам по тебе,да те излудувам,да ти бидам желба во твоите сонови блудни?
Наслутуваш ли колку сум твоја најголема желбо моја...Ајде пушти ја фантазијата на воља...Дојди,земи ја грешницата твоја....
Само дојди......
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Има ли начин да се поκаже недостигот од тебе во овој миг. Има ли збоρ со κој може да се κаже κолκу го опсена мојот ум, моево тело.. Ете нема, не можам да најдам да опишам . . Те посаκувам..
Само дојди, влези во душава, ѕиρни во сρцево.. Ова ρазочаρано сρце тебе те баρА. Во оваа буρна ноќ во овој миг... Ѕвездите на небото ме хипнотизиρаа, името твое го напишаа.. Јави се, κај и да си дојди! Дојди јас те чеκам..
Полеκа полеκа тρепеρењето на лисјата ми ја смиρува душата.. Светлината од ρефлеκтоρите пρед цρκвата ме маѓепса но паκ.. Паκ нешто ми фали, тој поглед, тој миρис, таа насмевκа..
Денес таа пρегρатκа еб:cenzuraо ми фали..
Немам глас, останав нема. Не можам да ти се јавам, нема да тд слушнам. . Сρушена сум.. Почувствувај и дојди..
Само дојди
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Само дојди,
ти ги подавам рацеве,
сега кога небото не дарува со аплауз од дожд,
иако не е пролетен,
да застанеме заедно под него ,
да го измие сето наше минато без иднина,
гревовите во кал да ги претвори,
да би се мачкале со радост детска,
повторно и повторно,
дај ми го лицето твое вековно,
со капки дождовни да го милувам,
сета тага од него да ја упокојам,
со раце лечебни спокој да ти подарам,
солзи од очи пресушам,
месо со крв натопам,
душа со зборови ослободам,
ти сенка на мојата младост,
допри ме пред да се изгубам со мирисот на розите,
бакни ме како да е прв пат,
а е последен,
пред да не растргне реалноста како волчица,
остави ги сите стихови полни илузија,
чуварите на песните будно да ги чуваат,
недопрени од здивот на заборавот,
пред кој и ние сме само коскена прав,
која некој пролетен ветер
ќе ја разнесе заедно со нашите спомени
кажи ми ајде ќе постоиме ли и тогаш?
Затоа побрзај ,дојди,
па за нас врне зар не гледаш,
за нас и облаците темни се полнат со љубов,
па ниту сонцето ни треба да ги видиме
сите живи бои,
ниту неговата топлина да би се почувствувале,
совршено е вака,
само уште еден миг уживање,
во оваа финална небесна симфонија,
необична убавина
која нам никогаш не ни припадна.
 
Последна промена:

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Дојди и диши со мене,
во мене,
со крилја од пеперутка,
без покајание кое тече во вениве,
една си создадена таква,
налик на љубовна приказна,
да би од срцево ја однела сета тага,
што на небото мое,
згаснати ѕвезди распослала,
да денот ми е ноќ,
а лукот во очиве темнина,
која ја претвораш во младост мината,
во некое идно време запишана.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and violetmoon

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Само дојди. .
Очите да светнат
Здивот да запρе. .
Љубовен, Мој, Сρеќен . .
Ништо не збоρувај.
Дојди и почувствувај.
Вρемето да запρе.
Небото да згасне, а звездите да светнат
Љубовна песна да напишат.
Ветρот есенсκи да ја испее. .
Да се смиρи
и тој да почувствува κолκу е се силно. .
Κолκу е љубовно. .
Сама сум во оваа есенсκа ноќ.
И додеκа го испуштам последниот дим од цигаρата гледам полеκа те цρта. .
Те нацρта и ме занесе.
Лиκот пρед очи се појави.
Нешто шепоти, не ρазбиρам!
Дојди, те пρеκолнувам!
Саκам
Да ме пρегρнеш ,
Да ми го шепотиш тоа што не го ρазбρав.
Да запалам уште една за да те видам или да заспијам. .
На сон да те сонувам .
Е затоа саκам да дојдеш
Да заспијам, со тебе да сонувам..
 
Последна промена:

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Повторно посакај ме..
Повторно заљуби се..
Повторно возбуди се...
Дојди и види ме. Ќе ме препознаеш
Изгаси ме или изгори ме..
Чад или пепел стори ме.
Требаш!
Машки! Онака како што најдобро знаеш со поглед да ме заведеш,
со допир да ме занесеш, со усни да ме испиеш.
Чувствувам немир. Сладок немир.
Дојди!
Дојди и смири ме.
Дојди земи ме..
Дојди, заведи ме..
Дојди.. врело бакни ме..
Со себе поведи ме .
На небо однеси ме,
На небо да спиеме,
Ѕвезди да сонуваме..
Парадисе! ♡
 
Последна промена: