Само дојди

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Само дојди,
врати се вистинска,
каков што не бев јас,
заборави го првиот чин,
и тој изнуден молк,
зошто би се менувал сега така доцна,
ќе го изнудам повторно,
и повторно,
тој мораше да биде таков,
да отвори тешки порти,
на претставата сокриена со прљаво пурпурни завеси,
да создаде луња недоречена,
измеѓу морето и небото,
двајцата да не заведе,
во тој скромен мотел,
прободи ме со твоето жедно вретено,
во мене отпарај ја ноќта мрачна,
таква најдобро ти прилега,
дојди во тој вртлог од врисоци,
да заминеш простувајќи се од себе,
да ме оживееш во градиве со твојот поглед од лед,
да го одврзеш тој зол јазол што умира,
да ги ослободиш демоните од него,
да видат последна светлина,
ранувајќи ме во неа со канџите сребрени кои лесно продираат,
проколнуваат и закопуваат,
засекогаш,
истечи ме низ сите елегии напишани и ненапишани,
да не проговорам никогаш повеќе,
да не кажам исти очи,
мои и твои,
зошто ќе излажам,
бојата нивна ќе види премалку,
да не кажам ги посакувам,
ќе залутам во нив со помен,
ако ги погледнам подлабоко,
не ќе ги преболам разделени,
ќе останам тивко низ шепот да горам,
ко кандило бесмртно,
во тој предизвик на твојата рака со превртен часовник,
уценувајќи ја зората со крвта нивна,
да не ме издаде некаде во денот кој заклучува,
и порабува украден космос,
околу твоите од моите,
зеници.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Xenia

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Само дојди

Дојди до мене,
со твоите меки прсти,
да те допрам со блузот,
кој тече во крвта,
сина,
од бранови жедни,
да ти ги одврзам очите,
да ја видиш светлината на ноќта,
со која ја заспивам есентта,
под твоите чекори,
нежни,
заводливи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and escape

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Само дојди,
и слушни,
како трепери срцево,
кога небото крвари,
и отвора во него жедни рани,
за црното вино,
од твоите дамари,
до твоите темни усни,
подлабоки од лузни,
бакнувај ме со нив,
во постела од стихови,
шепоти ми,
безбожни акорди,
сега кога сум кревок и нежен,
и верувам,
во нашата љубов,
забранета,
во која тешкото навира,
и повторно умира,
од убавина,
пред да заминам,
и те заборавам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Dojdi na zajdisonce od zivotot,
dojdi sega koga ne sum mlada za nov pocetok,
a ne sum ni dovolno stara za umiranje.
Dojdi za da ja ispijam ljubovta do dno,
taa ljubov moe vecno patuvanje.
Dojdi , ke vkusis zivot i smrt vo ista goltka,
Najiskrena , najvolshebna, mozebi ne najpravilna , no posledna.
Dojdi, vremeto mi istekuva,
se pomalku imame vreme za miluvanje,
a uste broeno za ljubov
koja zgasnuva vo tishina pod suvosta na prstite i tishinata na studenite kamenja.
Dojdi so racete rashireni vo pregratka,
Dojdi na horizontot kaj se baknuvaat sonceto i mesecinata,
za da se razdelat do slednoto zajdisonce.
Dojdi, dodeka umiram od cekanje
Dojdi so ljubov , za ljubov i od ljubov,
zasto za drugo nemame vreme.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Дојди,
толку посакувано,
сега кога ме допре со врвот од вретеното на сите нежности,
искради се од постелата овената,
замини босонога,
ти не припаѓаш таму,
твоето е каде што сум јас,
напишано и ненапишано,
во безвремено и безпросторно,
она што не го гледаат очите,
а го воздивнуваат градите,
дојди,
земи ги дланкиве,
во мугрите тие ќе станат песочни,
ќе ги проголтаат сончевите ножеви,
и ќе се истурат врз цвеќињата,
наросени од нашата тишина,
дојди,
ги имаме сите акорди,
потребни во ноќта,
змијулесто со нив обвиткај не,
мене и мојот сон за тебе,
соблечи ја ноќницата од бремето таговно исткаена,
да блесне твоето тело над сета убавина,
што небото на земјата и ја подари,
само дојди,
никој нема да знае,
ќе премолчат,
и ветрови и стихови,
и бранови и докови,
оковани,
во трагите од нашата тајна,
една толку откриена,
а заробена во непреболот што на лицата,
во денот го носиме,
како вечен печат,
на нашето постоење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Дојди..
Заборави,
Пепел, траг на усни остави..
Дојди и диши..
Диши со мене..
Љуби ме мене..
Дива,
Суетна,
Ледена..
Стопи ме,
Смири ме и однеси ме..
Со тебе на крај свјета понеси ме.
Мото си ми..
Инспирација си ми..
Еден си ми..

Kao ptica na mom dlanu shapuches,
Priznachu ti, zashto volim proljeche..

Дојди поблиску,
Допри ги очите со мојве,
запечати ги усните на мојве и ќе чуеш..
Без збор се ќе разбереш..
Ќе ти кажам..
Ќе ја отворам душава ко златна книга а ти ќе прочиташ.. Ќе прочиташ Зашто волим прољече. . .
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Само дојди,
накитена со молкот во твоите коси,
во тишината на густата светлина од канделабрите излитени,
да ги разбудиме чекорите на залутаните,
кои не го видоа моето и твоето лице,
во сјајот на нивните заљубени очи,
дојди,
со новото сонце кое заоѓа,
да ги избришеме,
сите зборови исткајани во ноќта,
кои не разделуваат,
од град до град,
во поплочени улици од надождени калдрми,
дојди,
во царството небесно,
без бог и луѓе,
жедни за живот по смртта,
да воскреснеш со мене,
без мене,
да гориш за секого,
да гаснеш за мене,
безимено и заборавено,
врз крилјата на гавранот,
кој трепери на небото,
како последна ѕвезда,
која не се откачува,
од темнината.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Знам дека ги обоив со мастило од небото,
границите на твоето срце,
но и јас ги поместив моите до него,
ми пружи рака,
за да ти бидам и ми бидеш,
темнина и светлина,
и денот и ноќта,
будење на сонцето и шеќерната квечерина,
сега знам,
ние немаме крај,
имаме почеток без разделби и сеќавања,
почеток кој никогаш не ќе заврши,
заборавот нека биде моја и твоја анатема,
зарем можеме да се откажеме самите од себе,
од иднината,
една со тебе,
една со мене,
дарувана од судбината,
не знам да заминам од твоите очи,
од твојте солзи,
од твојата насмевка,
сакам да ти бидам утеха и среќа,
со твоите лесни чекори,
по мене да газиш цврсто,
да милуваш живи цвеќиња,
биди само моја,
за да бидам свој,
твој сум,
ќе те возвишам над се,
над животот и смртта,
дојди во моите прегратки,
засекогаш,
доволно лутавме сами бесконечно,
само дојди,
нашиот пат е несовршен,
каков што е и овој живот,
кој минува со трепнување,
дојди каде се сретнавме првиот пат,
изгубени и поразени,
да се бакнеме повторно и залутаме,
без волците да ни го следат трагот,
таму каде го вдишавме првиот и последниот сон.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio, Prashina and Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Небото крвари на запад,
не заоѓај,
сочувај ги златните нишки,
без тебе ќе останам само немоќна ноќна пеперутка.
Дојди...
Како да е прв пат,
повлечи ме кон себе и бакнувај ме,
додека треперат дланкиве на лицето твое,
впивајќи ја од твојте очи
таа игра на бои,
со еден блесок недосеглив
акварел на познат лик да насликаат,
кој ќе им дари шаренило
на ноќите мастилни,
кога близината е повеќе од потребна,
да потсети на љубовта, уште топла,
што жедта на усните ја задржува.
Есен е...
Само дојди...
Имам цел спектар бои да ти подарам.
Во облак се претворам,
се истурам врз тебе,
со секоја капка те бакнувам,
се што некогаш било немо, да викне,
низ очиве под вело скриени
да раскаже приказна вистинска,
за тебе и за мене.
Ти, човек еден, само еден,
кој ги мина границите свои
кога ме виде светла и моќна во својот облик,
како што сама не се гледав.
Јас, една жена, само жена,
што доби лик во светот
кога те виде јак, одлучен, силен,
како истрајуваш и се возвишуваш,
до среќата ветена,
која толку ја заслужуваш.
И кога ќе помислиш дека приказните завршуваат,
ти само дојди...
Во очите твои да се будам,
во очите мои да живееш вечно,
зошто очите никогаш не стареат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki and Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Само дојди,
допри ги,
узреани се усниве за твоите бакнежи,
твои се,
како никогаш да не биле нечии,
дојди и однеси ги,
на калдрма фрли ги,
ќе расцутат,
од вистината скриена се корени,
само дојди и земи ги,
нека, нека не скапуваат со доцните цреши,
барем истечи ги од мене за тебе,
за нечии очи пресликани во зајдисонцето,
среќни.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable° and Iris*