Само дојди

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Не ме проверувај,
само дојди,
знаеш дека не спијам.
Ако немаш каде...дојди...
Дојди да ти ги излечам раните,
знам како боли,
и знаеш дека сум тука кога ќе тргне на лошо.
Ако немаш каде...дојди..
Дојди да ти дарам мирен сон,
знам колку ти е потребен,
и знаеш дека кај мене ќе го најдеш.
Ако немаш каде...дојди..
Дојди па оди насмеан...
 

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Сите тие изгубени сеќавања,
напуштен поглед на езерото и трепет на ветрот,
тишина која кротко плови низ срцето,
сонувачки сребрен брод,
тишина која ги заглушува ушите,
допирајќи ги кристалните ѕвона на огромната провидност,
тишина како поклон,
незаслужен,
како молња низ виножитото,
ѕвони полноќта и телото ја напушта постелата,
језива е болката кога чувствуваш дека си мртов за ноќ,
језив е сонот кој безбожно го наросува телото,
но добар е заборавениот кој нуди заборав,
барем за миг,
добар е заборавениот кој нуди мртви усни за очајнички бакнеж.
Во шумата трагам по бескрај,
но стеблата умираат,
поезијата бега како мирис од овенат цвет,
јас никнав од земјата и ми припаѓа само нејзината болка,
тело кое трескавично трепери пред својата младост,
во срцето тромост и неподвижност,
но жива сум,
знам дека сум жива зошто патам,
јас имам љубов и благослов,
а патам како очајник,
О, љубов , дојди,
бакни ги очиве со твојата тишина,
заплеткај ги немирните прсти во косава,
ах, стих мој, не се распаѓај врз мирисот на ружите,
немој да се изгубиш,
Ти си мојата ноќ,
таинствена ноќ,
само ти ги познаваш и прифаќаш сите мои мисли,
твоето небо, твојот мир,
се мој сон и моја смрт.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Дојди уште еднаш,
те моли една сребрена роза што самее под ѕвездите,
дојди да насликаме сонлив облак на небото,
да испиеме уште едно пенливо вино до дното,
да се допреме модро,
со брановите од извори пастелни,
дојди и запри го срцево за миг во огнот што темнее,
само дојди и насликај среќа во душава,
дојди и разбуди го сонот горчлив,
нека истече сладок тој во ноќва поетна,
со стихови неискажани,
во крвта разбудени,
ко гладен скитник што ги гази цветовите диви врз тротоарите сиви,
од нас до нашата небиднина,
до нашата тивка радост,
што во молк се гаси,
со канделабрите во муграта,
заплеткани во утрото,
искажани во само дојди.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Дојди, свои сме,
двајцата до корен,
јас - глад, а ти прекор,
и ништо не ми расправај, ништо не ме прашувај,
нека биде тишина,
те оплакувам по старски,
од копнеж боледувам,
ноќе од срцето црвен конец си парам,
дење пак го зашивам,
со благост те љубам
и тогаш кога правиш сѐ за да ми се одмилиш.
Дојди, оти љубов си ми,
на оваа ничија земја,
каде вирее само очај,
надеж си ми,
од пети се обидувам
да се преправам,
дека не гледам и не слушам,
и да издржам,
да не ја попречам,
твојата мала игра без правила.
Дојди, немам време,
за лаги што се кријат зад насмевка,
залудно ме отуѓи од себе,
веќе нема враќање назад.
Маскенбалот е готов,
ти уште не си ни почнал,
уште ја местиш твојата маска,
без огледала.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina