Четот би бил дискретен како оној на Фејсбук.
Тој што сака да дискутира на теми нема да му смета воопшто од една страна, а од друга тие што и онака веќе муабетат на четот на групата за форумот ќе можат да го прават тоа тука.
абе и најдискретен нека е
ете мене ми се дискутира во теми
ама кога ќе запраам муабет во пп, темите заборавам и да ги погледнам
ми се препрограмира мозокот поинаку, па дури и да видам темa која ме привлекува, немам концентрација за навлезам во дискусија
оти сум запраила сосема трет муабет и вниманието ми е одвлечено
јас сум против и таа фб-група
зошто сами форумџиите одбираат поинаку да се прегрупираат?
нели сите сакаат малку да подизбегаат од фб, а пак, врти-сучи, сѐ натака тера
сѐ што е потребно, за било какви муабетења, овде веќе го има
и супер си е спакувано и средено
сѐ плус, само ќе ги разводнува работите