Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Сите љубови оставаат белег во меморијата, срцето...
Ти ми остави белег на душата, а душата е енергија. Кога еден ден таа ќе го напушти телово и ќе се реинкарнира... без меморија, сѐ уште ќе ја чувствува тежината.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and violetmoon

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Не те сакам со срцето,не те сакам со паметот.
Срцето може да престане,умот може да те заборави.
Те сакам со Душата моја,таа не запира и не заборава никогаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: HAZARDER

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Сакам да знам дали чувствуваш дека во мене постои толку голема љубов кон тебе?
Знаеш воопшто што си ти за мене?
Можам да го сокријам сето тоа така добро за да не приметиш?
Или знаеш веќе одамна?
Колку само сакам да знам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden

Doreah

Староседелец
14 јули 2013
16
42
1,013
Ќе ми треба време да се навикнам на помислата дека сега си само уште еден бивши.
Веќе не сум сигурна ни дали празнината што ја чувствувам е затоа што се заљубив во тебе или само затоа што се срушија нереалните надежи врз кои ги градев плановите за иднината. Не знам ни како се чувствувам во моментов. Некако премногу смирена и празна сум. Како затишје пред бура. Не поминаа ниту 24 часа откако официјално ставивме крај, а јас веќе сто пати во глава си ги извртев сите можни филмови од типот „што ќе беше ако беше“. И сите сценарија завршуваат со заклучокот дека ако навистина сакаше да си со мене, ќе направеше напор да ме задржиш. Твоето „не знам“ говори многу повеќе од било кое одлучно ДА или НЕ. Искрено се надевам дека што поскоро ќе сфатиш дека сме донеле правилна одлука. Не сакам да поминуваш низ истово што и јас. Не сакам да се преиспитуваш, да анализираш и да се каеш.
И искрено, најискрено се надевам дека еден ден ќе се појави некоја во твојот живот која ќе ти ги промени ставовите за врските и љубовта. Некоја која ќе направи да сакаш да ризикуваш, да се препуштиш на чувствата, да не се плашиш дека ќе бидеш повреден. Некоја за која ќе правиш работи кои никогаш не си помислил дека ќе ги правиш, на која ќе и го посветуваш целото твое внимание без да се чувствуваш дека тоа те гуши. Некоја на која без страв ќе и ја подариш својата љубов. Имаш премногу љубов во тебе, не дозволувај стравот да ја зароби. Најди ја таа „некоја“ и не дозволувај да ти избега. Мене можеби ќе ми е криво што јас не бев таа, но сепак ќе бидам среќна за тебе. Ќе бидам среќна и без тебе. Ме знаеш мене. Ќе плачам неколку дена, по милион пати дневно ќе посегнувам по телефонот со намера да те побарам, милион пати ќе се предомислувам и нема да го направам тоа, ќе плачам и ќе се мразам себеси што сум толку лигава, ќе се прашувам како се чувствуваш ти, дали помислуваш на мене, дали ти е криво што вака заврши... Неколку дена ќе живеам како тинејџерка од амерички филм... и ќе продолжам понатаму. Ќе останеш само сладок спомен. Потсетник на нешто што можеше да биде, но не беше.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast and Priroden

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Се свртев случајно.Стоеше како ангел пред мене облечен во бело.
Ангел пратен од небото да ме чува..Се гледавме во очи неми,без зборови.
Ти се насмевнав.И ти исто.
Сцена како во филмовите.
Сите останати го следеа мојот поглед и се завртеа кон тебе.Гледаа час во мене,час во тебе не разбирајќи ништо.
Знаеш ли??
Знаеш ли??
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *V******

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Се свртев случајно.Стоеше како ангел пред мене облечен во бело.
Ангел пратен од небото да ме чува..Се гледавме во очи неми,без зборови.
Ти се насмевнав.И ти исто.
Сцена како во филмовите.
Сите останати го следеа мојот поглед и се завртеа кон тебе.Гледаа час во мене,час во тебе не разбирајќи ништо.
Знаеш ли??
Знаеш ли??
Lena a kolku trae ovaa zaljubenost?epten e vistinska a nestvarna... dlaboka a nesto fali a oti ne napravis nesto za toa da zapocne ili nekako si posigurna deka na ovoj nacin ke go imas podolgo....velat ako toa se sluci znaes ,,ona,, magijata ke iscezne<3
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena