Ја сретнав денес. Се вратила. Те оставила. Рече јас сум била повеќе присутна во вашата врска отколку таа. Рече дека рингтонот на телефонот ти е let her go- passenger и не успеала да го смени. Рече дека сеуште имаш на десктоп наше фото. Жал ми падна за неа. И горда сум на себе што не ми потекоа солзи како порано. Што го примив тоа достоинствено и без преголема болка.
Жал ми е и за тебе. Штета што не го сфати сето тоа додека таа ти ја грееше постелата, а јас те чекав да се јавиш. Се држев за тебе како давеник за сламка зашто многу сакав да успееме, а ни гумата што ми ја фрли не успеа да ме спаси од тонење. Ама не се удавив. Изронив појака, похрабра. Љубовта може да те уништи, но разочарувањето ќе те направи посилен од било кога.
И да, сакам да патиш како јас што патев, сакам да почувствуваш се' она што јас го поминав. И сакам да соберам храброст кога ќе се појавиш пред мене во лице да ти плеснам " Ѓубре едно, доцна е за се' ". Почнав да живеам , подобро од било кога. Научив да уживам во малите работи. А ти? Ти никогаш нема да научиш. Жал ми е.