Само пет минути, само толку беа потребни да ми фалиш безкрајно. Да посакам да си крај мене, да тонеме во ноќва заедно, да уживам во твоите прегратки, да го осетам мирисот на твојата кожа до мене, да потонам целосно во безконечност...светот да застане за момент. Капам ко дождов надвор, река облеана во мене по тебе. Посакав да сум ко листот паднат на земја, да се ослободам од ова тело и да ме однесе ветрот некаде поблизу, мислам дека само толку би било доволно да осетам живот. Зошто боли кога те нема? Ќе се вратиш, но пецка срцево...
Сакам да заспијам и да помине се, да се појавиш од некаде, да осетам блажина во душава. Џабе е и дождот и ветрот, неможе да растера никаков облак над мене.