Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Каде е твојот ѓердан од сребро?
Каде е твојата проѕирна убавина?
Каде се твоите одрази во огледалото на животот?
Каде се сликите на твојата пламната фантазија?
Каде сме ние?
Каде сум јас?
Така би побегнал од светот
Заробен во страв.
Којзнае
Можеби ќе се препознаат двата лица во бурното предвечерје.
ДЈП
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Не знам што да ти кажам освен дека многу, многу ,многу ми фалиш, безобразно многу ми фалиш, особено во ноќите кога се спие, а моето срце се буни, те бара.
Глупо, зашто те нема, зашто кој знае кај си се скрил, и си заборавил.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Ќе ја вратиш вербата во љубовта оној ден кога ќе ги разделиш оние личности што те повредиле од нејзиното вистинско значење. Не сите ,,љубови” се вистински љубови. Го олабавувам стисокот на твојата рака што ги спојуваше овие два светови и овојпат сама тргнувам на ново патување. Не, патување не значи бегање од самата себе, туку нов начин на гледање на работите. Нови зенити. Нови хоризонти. Цел нов и неоткриен свет што ме чека таму после оваа планина. Па нели љубовта треба да преставува душевен храм? Во мојот, си ги излепил ѕидовите со смешни тапети па дури тешко ја препознавам разликата помеѓу храмот од оваа световна рушевина. И ги кинам со сопствените раце нека изгорат големиот оган на минатото. Нека се удават во споствените лаги и ветувања. Нека избледат напишани со сопсвтеното старо мастило кое ја губи својата боја, својата златна ера. Зарем треба да ми е грижа? Да , токму со оние раце кои не верував дека се способни на тоа. Го разделувам вредното од шутот и сметот. Вистинското од лажното. Светаквото и лажното од сјајното и чистото. Конечно.
Не, повеќе не ја мразам пролетта дека ме каснала една пчела. Не ја мразам есента бидејќи ме намокрил еден попладневен дожд до гола коска. Впрочем, како ќе ја сфатиме убавината на нештата ако не ја почувствуваме нејзината спротивност на своја кожа?

Главата горе.
И кој знае, можеби еден ден, во блиска иднина, во некој друг живот, на друг начин дури..

Јас ќе ги чувам прстите прекстени зад грб, чисто за среќа.
За секој случај.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Зошто неможам да напишам повеке од две три реченици за тебе?
Дали заради тоа што не доволно те познавам?
Знаеш ли....колку му е на срцево топло кога мисли на тебе?
Не,не знаеш,никогаш и нема вистински да дознаеш.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
135993
 

Mistery :)

Истакнат Член
23 февруари 2013
145
188
143
Завршивме како тотални странци,иако се знаевме веќе години. Делевме се што може да биде поделено,а кога тоа беше невозможно ќе најдевме начин нештото да стане целина. Му ги дадов сите комори од срцето,а тој мене двете усни кои се лепеа за моите. Денес горделиво си вртиме глава,а сакаме погледите да ни се сретнат. Како тој заеднички поглед да не плаши и двајцата-знаеме дека повторно ќе се појави електрицитет,а ние ќе се изгубиме во времето. Ќе патуваме побрзо од светлината, а ѕвездата од галаксијата која стана спомен на една завршена љубов,одново ќе се роди. И повторно се од почеток. Иако во нашиот суров свет,постоеше само крај. Секој нов ден стававме точка,а следниот продолжуваше со три.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
...Доаѓа ли времето
Кога долго и тажно ќе се изневеруваме
Јас со тебе
Ти со мене
И потем
Заедно со Ништото

Венко Андоновки




Навистина доаѓа.
Насетувам ли дека доаѓа?
Или само така сакам да мислам?
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Човекот на вашиот живот нема да го препознаете ниту по изгледот,ни по дипломата,ниту по интелегнцијата,ниту по парите...Вистинскиот ќе го препознаете по начинот на кој ве држи за рака,по начинот на кој бакнува и ве гушка.Неговата прегратка не е ниту пресилна да останете без здив ниту лабава па да изчезнете без траг.Вистинскиот ве гушка таман толку силно колку што ви треба да знаете чија сте ..
 

marinium

Полноправен Член
9 септември 2013
56
7
8
26
да ти кажам дека те сакам...дека во овој момент сакам да те бакнам...