Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Уште еден ден без тебе поминат. Како и секој викенд така и овај ќе излезам со насмевка на лицето како ништо да не ми е, како се да ми е совршено, под конец средено. Ќе ја навиткам косата, ќе се нашминкам убаво, ќе го облечам црниот фустан, црвените чевли и ќе го ставам црениот кармин и ќе зачекорам ледено со главата исправена и како и секогаш ќе ги игнорирам машките погледи кои ќе ме меркаат од глава до пети, посакувајќи да можев сите тие погледи да ги заменам со твоите очи..тие да ме видат во такво издание......ќе дојде и тој ден уште малку.....уште се сеќавам на денот со насмевка кога се запознавме, каква само бев со косата во кок крената, без грам шминка на мене, испечена од сонцето и со капки пот по телото...но тебе и таква ти бев убава, го заробив твојот поглед.......толку многу ми недостигаш, уште малку остана за да те видам, оф чекањево ме убива, ги бројам деновите сакам побрзо да поминат и да дојдиш.......желбата ми беше барем уште еднаш да те видам, да те бакнам и уште малку ќе ми се исполни, макар и последна да е......да не те видам никогаш повеќе........... а кога ќе си заминиш повторно ќе бидам онаа старата без грам чуства, толку студена каде никој нема да можи да ме погледне, не пак да ме допри!
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Во оваа приказна го нема првиот снег...Се уште не стигнал.Можеби не одминал.Се случува понекогаш луѓето да го заборават снегот.Да ги заборават мразовите само затоа што душата им е смрзната.Може да се случи некој да ти каже дека светот е премал за твоите сништа.Ќе кажеш некому дека предлого си сонувал и дека сништата ти станале бајати.Ќе се најде некој кој ќе измисли раствор за конзервирње на чуства,па ќе ти ја потопи душата.Ќе се изводениш.Ќе се впиеш.Некој ќе те гледа како менуваш агрегатни состојби,некој ти ќе гледаш.Важно е препознавањето времето,и тишината....Важно е да се биде некаде....со некого ....Некој да ти каже дека денот е убав затоа што твојата насмевка е цела...Не поднесувам скршени насмевки.Ниту скршени зеници иако ги носам цел живот.
 

Mistery :)

Истакнат Член
23 февруари 2013
145
188
143
Во моите очи ја нема невиноста, сега гори бесот и омразата..
го нема веќе тој милозвучен глас, горчината ја опила..
во мојата душа се закотвил студот..
Веќе ништо не може да продре до моето срце,
станав нескршлива.
Погледни во што ме претвори, ме направи како тебе…
твоја копија..
но многу по сурова!
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
,,И воопшто,жената нема да го разочара мажот,нема да го изневери,освен ако тој самиот не и го расипе срцето и не ја нагази,или пак исплаши и отурне со својата малодушност,со својот егоизам,со својата тесноградност,со својата погана и бедна нарав.Затоа љуби!Нека се почуствува не само како твоја женка,туку како твоја најмила душа,како твое дете,како пријател,носи ја в пазуви да и биде топло и тогаш можеш да бидеш спокоен,и тогаш со секоја година се посилно ќе се припива кон тебе се додека не сраснете како сијамски близнаци.Не си и го дал ли тоа,ја расипеш ли,ја исплашиш ли со својата мизерност-ќе си отиде!Ќе си отиде штом некои поблагодарни раце ќе се испружат кон неа,оти мора да си отиде,оти нејзе и треба таа топлина,тоа признание,како воздухот за да дише''
Хенрик
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
,,И воопшто,жената нема да го разочара мажот,нема да го изневери,освен ако тој самиот не и го расипе срцето и не ја нагази,или пак исплаши и отурне со својата малодушност,со својот егоизам,со својата тесноградност,со својата погана и бедна нарав.Затоа љуби!Нека се почуствува не само како твоја женка,туку како твоја најмила душа,како твое дете,како пријател,носи ја в пазуви да и биде топло и тогаш можеш да бидеш спокоен,и тогаш со секоја година се посилно ќе се припива кон тебе се додека не сраснете како сијамски близнаци.Не си и го дал ли тоа,ја расипеш ли,ја исплашиш ли со својата мизерност-ќе си отиде!Ќе си отиде штом некои поблагодарни раце ќе се испружат кон неа,оти мора да си отиде,оти нејзе и треба таа топлина,тоа признание,како воздухот за да дише''
Хенрик

Ептен убаво напишано, ниту една жена не може да живее без таа топлина, едноставно кога тогаш си оди и не се враќа. Таа мора да си оди зашто треба да дише за да живее.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and SaraFighter

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
:rolleyes:(facepalm)



Зборувајќи со тагата

Ах, Таго, не треба да те гледам
како пес-уличар
што доѓа зад куќи
по корка леб, по сува коска.
Треба да ти верувам.

Треба да те намамам
дома и да ти наместам
твое ќоше,
ќилимче да си легнеш,
чинивче со вода.

Мислиш оти не знам
дека ми живееш под стреата.
Копнееш да имаш свое место
пред да дојде зимата. Ти треба
име,
синџир и плочка. Ти треба
право да лаеш по натрапниците,
да ја сметаш
мојата куќа за своја,
јас да ти бидам газда,
а ти мене
мој пес.

Денис Левертов
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mistery :) and Luckky

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Не сакам да ти кажам, сакам да ти шепнам дека ја зафркнав работата.Ти ветив дека нема да си дозволам да ме опијат чувствата, дека ќе се грижам да не чувствувам, и секој ќе се грижи за своето срце. Ти си стоеше на зборот, а јас зафркнав. И ќе речеш, не е фер што направив. Знам јас сум виновна. Но навистина не мислев дека мртвото срце ќе оживее, одамна беше мртво. Не смееше да ми се случи ова, не смееше,зашто не те заслужував од почеток, во овој живот не те заслужувам , нема иднина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mistery :) and Aquarius

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Не дека веќе не те сакам,само поретко,односно скоро никогаш не зборувам за тебе.Не дека те заборавам,само се трудам да не те сакам толку многу.Не дека те барам,всушност незнам каде си .Можеби само малку ми требаш,и можеби само малку ми недостасуваш.Не дека повеќе не плачам за тебе,само научив да ѓи задржам солзите во себе.Не престанав да те сакам,НЕ.Само се навикнав дека не си тука.
 

Mistery :)

Истакнат Член
23 февруари 2013
145
188
143
Сите мои постови, илјадници редови, мисли и зборови, СЕ беше за тебе.
Од срце исцедени...
Ако не успеаа да ти кажат што си ми ти, што ми беше ти, тогаш не вредат ни грош...сите мои постови напишани низ овие години.
Ако ја изгубија битката со оние што ти ги прати некој друг, препишани, копирани од youtube, илјадници пати прочитани, наспроти моите, само за тебе напишани, тогаш она што го мислев „љубов“ рѓа било. Некој друг чиј мирис не го знаеш, некој друг чиј поглед никогаш не почивал врз тебе, некој друг што не те знае и што не го знаеш, некој друг што нас наивно не уби! Ти си убиецот, а не тој.
Јас ти пратив парче од срцево преточено во збор. Некој ти прати инстант-песни пишани од друг.
Нема никој на овој свет што чекорел низ улиците на тоа северно-гермаско гратче, нема никој на овој свет што заспива под тие австриски неба, нема никој на овој свет што газел за тебе по оваа северна земја. Нема никој друг, само јас. Јас сонувам уште...а ти забораваш...
Љубовта што бара потсетување, не е љубов.
Оди и барај некој друг, или сети се сите места и сите градови и сите денови и сите ноќи, и сите аеродроми и сите соништа и сите јазици и сите градови... Сети се на сите минути броени до следната средба...СЕТИ СЕ НА НАС...
Не разбираш ниту еден мој стих, не прочита нити еден мој збор, не сонуваш ниту еден мој сон...
Немам ниту една причина уште да те сакам, а сепак сум така луда по тебе.