Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Насмевката ти кажува се. Веќе некое време се разбираме само на тој начин. Чувствувам како веќе да не се потребни зборови меѓу нас. Еден поглед е доволен за се, еден поглед, и таа твоја насмевка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Жените сакаат цврста рака,а нежно милување.
Јак глас кој умее да шепоти.
Јак кон сите,а слаб на неа .
Тешка комбинација,ама добитна.

Убавата жена е сама по себе оружје,
Ако е паметна Оружјето е за масовно уништување :kafe
 
Последна промена од модератор:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Стринг теоријата вели дека постои мултиверзум, а во тој мултиверзум веројатно постои некој универзум каде што јас ти приоѓам наместо да чекам подобар момент и да поминувам бесцелно којзнае колку часа преиспитувајќи ги сите фактори кој влијаат и испитувајќи која е најдобрата моја шанса. И не дека е лошо тоа да се преиспитува, напротив добро е да се прави повремено, ама лошо е кога си overthinker па тоа ти станува како еден вид на зависност и во целото тоа најлошо е што знаеш дека секогаш има можност за подобар момент и чекајќи да дојде тој момент осеќаш како ментално тапкаш во место.


Барем од далеку да се видев во тој универзумот...
 

lina.l

Истакнат Член
24 февруари 2015
16
18
303
Низ животов научив дека паметна жена е онаа која ќе му дозволи на партнерот да мисли дека е " глупава". Не ги влечеш ти конците, зар уште не сфати?
Оф боже, колку ја сакам таа твоја детска наивност(inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Никогаш не заборавај дека ти си ми мене приказна која сакам секогаш да ја читам како молитва за убаво утро, како расказ за добар ден, како патепис за среќен живот.
Никогаш не заборавај дека твоето тело за мене е бескрајна ливада со јорговани кои сакам да ги одгледувам, да ги негувам. Да ги галам и мирисам.
Никогаш не заборавај дека твојата појава за мене е како космичкото дрво. Ме издига од подземјето, ме пренесува на овој свет, па ме вивнува во облаците. Шаман со тебе станувам...
Никогаш не заборавај... дека јас никогаш нема да зборавам, што си ми ти мене.
Знам, реченициве ти звучат банално, ти немаат смисла.
Читај ги мое малечко девојченце со срценцето, те молам, читај ги со очите кои ме гледаат наутро со сета љубов што постоела во вековиве наназад... тогаш ќе ја добијат сета смисла на овој свет...
 

DelRey

Нов член
20 септември 2015
15
14
3
29
Сакам да ти кажам освен што недостасуваш, болиш и тоа што те сакам, што уште работиш?
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ноќва сум твој и не е важно дали сказалките ќе се поклопат на полноќ, и кој сум и што сум и дали само сонувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Саκав да ти κажам..
Κолκу ми е само убаво κога после толκава боρба успеав да те натеρам да молуш.. Не со збоρови, со поглед, со постапκи. Успеав!
Успеав да те натеρам да си ја сватиш гρешκата и да не удиρаш со главата в ѕид!
Виде и сам, свати деκа пρедупρедувањата не беа залудни.. Ти κажав сρце мое κе дојдеш на МОЈОВ... Еех а ти виκаше... Κолκу иделеее...
Само една на се κе те натеρа. Само таа κе те пρомени и κе те натеρа дуρи и тоа што си ρеκол ,,За женА.. Јас... Нема шанси,, свати κонечно пиле мое деκа сеκогаш и во вечни веκови е κаκо што жената саκа. Таκва е пρиρодата на мажот. Сеκогаш да и удоволи на жената...
Задоволна, сρеќна, споκојна κе си легнам да спијам зошто знам свати што се можам јас да напρавам аκо наумам... Од сега κе биде се поинаκу ;) и ти тоа κе го саκаш
Леκа ноќ Хани.. бај бај
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and diva orhideja