Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
546937_502191009825547_1438251435_n.jpg
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Денес по некоја случајност ми се провреа низ ушите неколку песни од Vaya con dios - групата за која ми кажуваше на времето дека беше многу заразена. Не знам денес како си....јас нив ги знаев многу поодамна како некои анонимуси... добро можда 2-3 песни им ги слушав во почетоците на ептен раната адолесценција... поентата е дека ништо од тоа не ме потсетува толку далеку колку пред неколку години... кога ти ми кажа дека си заразена со нив. Тропам баналности околу една група а не е баш така. Музиката е чкрапалото што ме наврати малку да помислам денес на тебе. Не во смисла на меланхолични навраќања, туку чисто онака со насмевка. Што би било ако сега во овој момент бевме во истата просторија и свиреше истата музика. Не би те прашал дали сеуште ги слушаш. Туку едноставно би те соблекол со поглед. Онака прашално - „се сеќаваш ли?“. И било која твоја мимика би ми била доволна да потврдиш колку си убава.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
За момент денес посакав да се вратам во времето што го поминав со него.
Бевме само другари,добри другари.
Најдобри.
Секое лето во Охрид првата мисла ми беше тој.
Вечерта кога се запознавме преку една моја другарка еден поглед беше доволен да знаеме дека се разбираме.
Лутавме до доцна во ноќта по уличките на градот.
Баравме галерии и ги гледавме сликите дискутирајќи со саати околу нивното значење.
Јадевме крем банани купени на кило,
го пратевме кршењето на светлината од бандерите и филозофиравме на секоја можна тема.
Го гледавме обесениот срп на месечината над езерото и градот,седнати на карпите на Канео,горе позади црквата на таа една карпа на која секогаш ми застанува погледот кога сум таму враќајќи ме до него..и молчевме треперејќи од студот.
Еј ја гледаш куќана покрај езеро,онаа што се распаѓа?
Му реков.
Таа ќе си ја купам кога ќе имам пари и ќе ја реновирам комлетно,објаснувајќи ги сите можни детали кои ќе ги има куќата.
Не јас ќе ти купам кога ќе имам своја група и многу пари,одговори.
Потоа некаде доцна по полноќ седнавме на клупите кај чинарот,истоштени и задоволни од одвивањето на околностите..а во позадина свиреше Perfect day,Lou Reed како по порачка.Беше навистина перфектен ден.
Се погледнавме и не рековме ни збор.
Се разбиравме и без зборови.
Се допишувавме,неговите писма едвај составени со неколку збора се уште ги чувам во кутија полна со прашина на неа,некаде во некое заборавено темно ќоше во подрум.
Денес посакав да се вратам во тој момент.Често,многу често ме пратат миговите поминати со него.
Куќата се уште стои и се уште никој не ја купил и реновирал.
Се надевам никој нема да и обрне внимание и да посака да ја купи.

Го сонував вчера и утринава гледам лајк од него на фб.
Тој лајк ме врати назад.Во тоа време..се уште не се потребни зборови да се разбереме.
Мојата прва љубов..
За М..

Ps.Saladin me potseti na ova so tekstot gore,
pa go..pretvoriv vo ispoved :)
 

Anushka

Полноправен Член
6 декември 2013
15
52
13
Чудно е колку тишината и ноќта можат да ги надразнат сетилата..Во тој специфичен танц на сенки по ѕидовите чудно е колку перфектно е отсликана приказната за победите и поразите...Можам да седам до бесконечност непомрднувајќи ниту една трепка од очиве,да гледам во некоја измислена далечина..да сонувам со отворени очи или да вратам време ископано од сеќавања....Издишувам онака длабоко како да откопав бунар без дно,како да ја дувнав пепелта од некој стари камини покрај кои во некое минато време се раскажувале приказни за добро и зло...Дали душава има цена ??- Се прашувам онака колку да ја нарушам глувата тишина,не дека одговорот ќе ја задоволи мојата потреба за Се...Како пелин горко кафе се лизга низ грлово..Не сакам да заспијам вечерва,немам потреба да сонувам...сакам да украдам повеќе,само малку повеќе од се она што го пропуштам додека спијам...Прв пат забележувам дека старите дрва отсликани во рефлексијата на бледото светло некако како да танцуваат на празната улица,како тајни љубовници да се сплотуваат во едно,како да ги имаат испреплетено своите корења толку длабоко што веќе ги живеат истите години...истите векови на истото место...Прв пат слушам како звучи кога тишината е распарана со звукот на болен лелек,квичење на некое мало кученце кое бара топлина или можеби храна да ја засити својата глад...Исто како мене..Гладна сум за исполнувања,за зборови кои не ја губат својата смисла откако се набрзина кажани..гладна сум да ја отворам утробава и од неа да извадам надеж,како Пандорина кутија..на дно од сето лошо да воздигнам убавина...Некако едно по друго се навезуваат како камења,како горчини,како тежини...Живи сме...размислувам гласно,можеби за да докажам дека е така..дека живи сме...и,ах...се сепнувам,застанувам...колку ли само сето тоа е лага...Можно ли е да сме само школки од кои се извадени бисерите..празни тела без души...програмирани да мислиме дека живееме ??...Привидно сме исполнети се додека реалноста не не мавне по глава како со бумеранг од се она што го имавме а сега е изгубено...Денес,утре...некој друг ден...Само егзистраме во некоја рутина,се жалиме дека може подобро а не помрднуваме ниту со мало прсте за да го урнеме лошото...Секоја измислена убавина ја руши некоја грубо извајана реалност...паѓаат сите кули од карти...Чудно е колку тишината и ноќта ги надразнуваат сетилата....Како вчера да бевме деца и безгрижно се смеевме а сега растргнати на безброј страни се срамиме да заплачеме...а како само боли...кој признава е слабак,ќе му се потсмеваат...ќе го означат како отпадник од толпата....Колку само не има повлечено некоја чудна машина,и не врти во круг..секој ден истото-утринско кафе,пладневно уживање,вечерен секс...и дека некако мора,а не дека секогаш се сака...И се вртиме,се повредуваме,скришно плачеме и викаме....а едни пред други сме без емоции....Дали душата има цена ???-Мојата би ја продала за некоја искрена насмевка..за една засекогаш прегратка...за малку љубов....само да е лесно да се рипне од замислената патека по која се движат сите,да...душата би ја продала да трчам по ливада,да легнам на мокра земја,да помирисам свежо цвеќе и да гледам во бесконечно сино небо....Ех...се е круг...а јас како да побегнам ???
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Од каде ти е правото ти пак да се појавиш и така да ми зборуваш. Имаш среќа што знам што значи морал и достоинство, инаку досега ќе те средев јас на твое ниво. Упс! Извини! Местото ти е уште неколку скалила подолу... :*