Се појави како светлина и со брзина на светлината помина низ мојот живот.За миг почувствував дека сеуште живеам. Го обои секојдневието со розева боја и на ликот му даде насмевка. Оддеднаш катарза на чувства кои кој знае каде длабоко биле закопани, заборавени низ годините. Никој од нас немаше објаснување, само збунетост и искреност. Заспивав со созвездија, се будев со сончевина. Премногу убаво за да трае подолго. Преголемата светлина ги убива пеперугите, согоруваат.
Обајцата со голембагаж зад себе , а со многу малку простор. И ноќта стануваше ден, а денот предизвик. Сонот беше јаве, а јавето како во сон. Повторно ја правев истата грешка, премногу искреност и чувства ги плаши луѓето. Но, јас го имав заборавено тоа. Одамна се беше поминато и никогаш не помислував дека мене може да ми случи тоа.. Ниту бев спремна, ниту посакував. Кому било што да му објасниш, нема објаснување. Кому и да кажуваш, не постои искажување. Едноставно душите ни се бакнаа.
И тоа се случува во здодевното секојдневие.
Во молитвите на денот, во очајувањето на ноќта, се буди утрото,заглавена меѓу тага како планина и љубов како небо.