Сакам да кажам/прашам (2 дел)

Статус
Затворена за нови мислења.

LoveDealer

Староседелец
3 март 2012
180
563
693
32
Во неговото срце.
Постојат сонови толку убави што посакувам да се јаве, мене деновиве ми се случува обратното јавето е толку кошмарно што очајно посакувам да е сон.
Денес масовно ја преуредував гардеробата и се фатив во големата нелогичност - како кога средувам има толку многу за средување, а кога се облекувам често сметам дека нема практично ништо,
emoticon-0112-wondering.gif
?! Логикава им е достапна и позната само на припаднички од женски род, иако е тотален нонсенс. И чудо едно како тие парчиња текстил од различни материјали, со различни дезени и бои знаат да ја размрдаат дури и долгорочната меморија и испливуваат убави, па и чудовишни грдосии од спомени и минати лица, настани и што ли уште не, имам и такви парчиња кои уште не ја имаат својата премиера кутрите останале нереализирани дебитанти и ги чекаат своите барем 5 минути слава па и тие да си имаат своја историја еден ден и да се дел од мојата,
emoticon-0102-bigsmile.gif
!
И да, понекогаш и покрај трилион обврски пак сум неутешна!
 
Статус
Затворена за нови мислења.