СДК дневна доза кењавици by bobo.
Ја стварно не можам да разберам како тоа личност која беше супер, интересна, непредвидлива така одеднаш може да се смени во досадна, предвидлива и личност со тапа хумор. Ај да го зборев тоа само јас ќе се запрашав себе си и ќе помислев дека јас грешно сум ја проценил претходно истата личност...ама не сум само јас да му е**м. После некое време гледаш дека уствари џабе си губел муабет, џабе си споделувал мисли и се` коа имала уствари фејк персона која ја претставува пред себе. Ти праи филм дека е ситничар, буквалист, перфекционист и на крај гледаш дека ни приближно до тоа. Мајке му, со сила убавина не бидува. Или си или не си буквалист, ситничар и перфекционист. Ебате, ми создава нагон за повраќање кога ќе помислам...ќе го избришам бројот.
Исто така деновиве со една моја драга личност научивме една работа. Се` додека со одредени личности си лицемер, имбецил и манипулатор они те возвишуваат, гледаат во тебе идол и ќе направат се` што ќе им кажеш. Спротивно на тоа, се` дур си супер со нив, ги дружиш кога никој не ги дружи, увек ги викаш у ваше друштво, никогаш не им пререкуваш ни збор, на крај ќе ти кажат дека си бил лицемер кој ги уценува и сака да ги манипулира. Епа штом така сеа Бобо ќе ви покаже што значи лицемер и манипулатор.
И ме тераат на повраќање исто луѓе кои тресат глупости без трунка срам, луѓе кои мислат дека кажале нешто паметно и кои се умислуваат дека се од буржоаска крв и мислат дека секој нивни збор е мудрост која треба да бидеш благодарен што ти ја кажале. Седи бе. „На 40 години ќе сфатиш дека интимата ти кажува многу за тебе и дека од таму можеш да осознаеш многу од особините кои ги поседуваш.“ Ајде беееее. Стварно? Ја па мислев дека тоа може само на 45 години да ти се случи. Колку мудра мисла на која треба да и` се воодушевуваш. И врв на се` е изложба фотографии од нејзината интима затоа што интимата е дел кој треба да се чува за себе, а не да се продава успат со „мудри“ мисли од кои здивот застанува и не знае дали да тргне напред или да се врати назад затоа што у меѓувреме оксидирал и пак може да пренесе кислород до белите дробови. Да, да. Што мислеше ти? Дека интимата е интимна работа? Се лажеш тогаш.
Или мудра мисла од типот на „Им порачувам на луѓето повеќе да се радуваат на малите нешта кои ги исполнуваат“...ајде бе?!?!?! Тоа го кажува човекот кој ни сам не знае да си ги преброи парите и се топори на телевизија затоа што донирал 500 ден. во хуманитарни цели и готово тука сеа он е хуманитарец, негова мисија е да им помогне на луѓето ко некој суперхерој. Па шо бе, еве нека има КешМен суперхерој. Немаш пари? Извикај „Кеш?!“ и одма ти се црта тука КешМен пред тебе и ти дава пари и тоа не на заем туку ти ги подарува. Мајке му...ептен хуманитарни сме. Не, оти глеам луѓето немаат време да се замараат со големите работи како на пример од каде да најдат пари за сметки, ќе им дадат ли плата да го наполнат фрижидерот или ќе јадат леб и маргарин уште 10-тина дена, ќе имаат ли доволно за до крај на месец и сл. па треба да се радуваат на малите работи оти животот им е безгрижен. Па што? Не е безгрижен животот? Хах.
Исто деновиве ме курчи немањето личен идентитет. Пример сеа ја имам долга коса, нон стоп носам црно и јадара јадара муабети, филозофирам кај што треба и не треба и сл. и ми се засвиѓала некоја типка успат. И фино лепо си биднуе шо си биднуе почнува врска. И сеа ја одма тука глеам да и` угодам на типкава да бидам типот од нејзините соништа, да бидам оној кој може да застане пред неа и да се укочи така стоејќи (нели оти она ќе зјапа у мене и тоа ќе значи дека не може да ми се изнагледа од што сум јас ко нејзиниот маж од соништата) и почнувам да мењам стајлинг, почнувам редовно да се бричам...Е не, ќе чувам по месец два брада...па да личам на говедо симнато од планината. Се знае бре, избричен, издепилиран низ цело тело (нема врска шо до вчера сум ги кењал тие шо се депилираат и им плескав у фаца дека не смеат да го кењат Боки 13 оти они се пола Бокици)...Метал? Гитара? Шо е тоа бре? Фрлаш одма таму, женска има у прашање. Треба да бидеш мажот од нејзините соништа. И после земаш ја кратиш косата, мењаш друштво... Е шо? Па да те сакала со тоа друштво ќе дојдела она кај тебе. Мора и друштво да се смени. И одма јас сум нов човек. Мажот од нејзините соништа нели. Стварно? И? Утре ме откачува женскава... Готово. Системот ми е крив. Државата ме е*е, религијата е крива. Системот ме дупи од сите страни. Одма станувам револуционер. Грабнувам пароли, спреј у рака и шкртам насекаде „Долу влада, сакаме демократија“ и ме фаќаат џандари ме кршат од ќотек и ме тераат да го исфарбам ѕидот. И ја си го подвиткувам опавчето и викам „Добро бе, добро....ќе го исфарбам. И од мене поликолорот ќе биде...не е проблем тоа. Само не ме пикајте у марица“. И после сето ова кој сум ја уствари бе? Нафурано металчиште? Мажот од соништата на девојката? Револуционер? Кој? Или у овој случај би имал мултипли АјДи? Енигма.
Да покењам уште малку може? Ајде де, цел месец ме немате читано мајке му. Остајте уште малку да си покењам.
Исто ме курчат личности кои ти кажуваат што да правиш. „Ти батка, да си најдеш една женска и да си почнеш озбилна врска. Еве види ме мене, 2 години идеме супер ни е. Другарон се ожени на 18 години, сеа лула детенце.“ Ајде беее?!?! Стварно ви е супер? И сеа оти вам ви е супер ја треба да си најдам женска? Готово одма тргнувам штом е за тоа работата. Или „Батка...идеш ли на работа некаде? Не идеш. Земи бе другар нешто работи, постани човек, ќе излезеш во кафиќ да оставиш илјадарче ко сите и ти.“ А?!?! Што рече? Да работам за да може да излезам и да оставам илјадарче у кафиќ? Затоа работат луѓето нели? Ја па се чудам 20 години зашто луѓето работат, оно одговорот да ти бил толкава мудрост та животна поука можеш да извлечеш од таа мудрост. Е не? Луѓето работат за да може у кафана да се опијат. Тоа е животот.
Ај доста кењав, знам дека нема ни да ме прочитате целосно.
За крај сите сте супер, се` е ок. Не, не сакам да ме сфатите дека ви лижам газ на сите за да ми стегните лајк оти јас од лајкови сум зависен затоа што ми го билдаат егото и после сум најјачи шизик у маало па и пошироко...нееее тоа ја искрено мислам (ако се лажиме). Ајт, добро утро и ја одам на спиење.