Ние сме родени за болка! Од неа нема бегање. Таа е неизбежна. Тој што ќе се дрзне да избега од неизбежното, само ќе си ја зголеми болката. Кога ќе дојде таа, застани и запрашај се: Што сака од мене? Што ми вели?Од време на време, болката стивнува. Нашите нови грижи ја залажуваат. Но, само за кратко. Како што полека стивнала, така, полека и нечујно, таа ќе се сепне, ќе се досети дека сме ја измамиле и повторно ни се враќа. По истиот пат. Кружниот танц на болката повторно започнува од една точка..