Мила, мислам дека ги има по weheartit и блоговине на tumblr и blogspot, за други извори не знам.
Иначе, чек да превртам други форуми да си најдам убаво скоцкано мислење на готово, на кое ќе ми удрите лајкче. Може?
Ај плис. Мачно е само да мора да барам убаво мислење, не пак сама да си смислувам.
Сериозно? Случајно разгледував по форумов, ко ќе видиш, фраерица си копирала мислење од А до Ш и оп-труп си го залепила овде ко сиот копирајт на светот да е нејзин. И не е прв пат. Не се мои постовите де, не сум јас толку поетична, ама немаше да се замарам и ми биде криво, ако не знаев колку на еднава и’ сече, а колку вистинската хм...авторка на оригиналните постови вложува креативност и разиграност во мислењата. За што? За да се крадат за беден лајк.

И не, не е можно да е истата со друг ник. Јеботе, ако е друг форум, не значи дека ќе ти се клања народ што мисирските перја си ги заменил/а со оние на паун. Ама чек, битно е да ме мислите интелигнентна и креативна.

Не, не се однесува на ниеден од вас секојдневно активните, туку фаци со неколку мислења што од време на време никнуваат кога ќе најдат мислења за копирање. Пазете си ја интелигенцијата, може утре други да ви се китат со неа.
Ајт, сум зинала во доцни саати. Имајте добра ноќ и останете си оригинални.
