Прекумерно трошам на облека и чевли, знам, признавам. Со потпис и печат тврдам!
Ама таква сум, не знам да одолеам на новите колекции низ продавниците.
Ама уште помалку знам да одолеам на книга.
Не дека не можам да ги земам од библиотека, не дека не можам да ги најдам на интернет, ама фактот дека е моја, дека ќе стои на полицата и после многу години, чувството на припадност е она што ме влече да купам уште една!
Лош или добар превод, ваква или таква содржина, славен или неславен автор, секое ново купување на книга и читање на истата за мене е ново и неповторливо искуство!
Уживам во моментот кога откако ќе ја прочитам, не ја враќам бо библиотека, туку на мојата полица!
Ама мразам кога некој бара да му ја позајмам! Тоа е нешто мое, важно за мене и не сакам да го делам со никого!
Себично или какво и да е ова однесување, ама моите книги се само мои и сакам да се само во мои раце!