Жената е мајка, но и многу пати татко. Таа е подготвена секогаш на саможртви и да преземе туѓа вина. Љуби и страда, паѓа, но пак се исправа. Таа често размислува за проблемите, но во исто време мисли и за нивните решенија. Нејзината битка е жестока, можеби повеќе отколку што може да се замисли, но никогаш не се предава! Нејзиниот пат е долг, но не запира додека не го изоди, често се завртува, но само за да го скрие своите горчливи солзи. Многу се ноќите во кои не спие, многу се деновите во кои молчи. Многу се болките скриени во солзи. Тоа е тоа. Тоа е жена. Силен дух и душа!