Имам многу креативна сестра. Понекогаш ми е мака што бев јас сматок кога ги имав нејзините години. Јас сум друга врста на човек. Дури и омразата и е инспирација. Немам душа да замразам некого. За разлика од неа, око не и трепнува.
Друго, мака ми е што од секогаш сум била чувствителна, можеби и претерано, но тие чувства никогаш не сум ги покажала, или сум ги покажала, но на погрешен начин.
Трето, мака ми е што и ден денес сум сматок. На права ледина, нозе ќе искршев. Може секому да му се случи? Да, може секому да му се случи, но мене тоа ми се случи десет пати во изминативе недела дена. Тоа не може секому, само на баксузни луќе како мене. (ако воопшто ги има).
Четврто, бараш место апла да си се изнацимиш, онака да си плачеш од душа и тогаш сите те бараат. Некому му се излегува, некому му се прави муабет, некому му се пие кафе. И како да го оставиш плачењето за друг пат?
Или сепак не, кафето нека почека овој пат. Си го сакам времето само за себе. Ретко сум себичен човек. Но, кога веќе мора, ќе бидам.
И уште петто, и не се замарам веќе. Никого не замарам веќе. Си ја слушам Better than i know myself, и која иронија ја доживувам. Што ми е убава песната, а си мислам: постои ли некој што ме познава подобро, одошто се знам јас самата? Не, не постои. И пак одам на цимење.
Ајт. Имајте убава вечер. Имам чувство дека можеби ширам негативна енергија, ако е така се извинувам. Сепак, имајте си убава вечер.