Прекинав да учествувам во генералното убивање на македонското секојдневие. Македонци, впрочем како дел од светот не прават разлика меѓу уништување и конзумација. Тука на секој втор чекор имам инглиш брекфаст со исто мени во различен ресторан, во Скопје имам исти кафиња во различно кафуле.
Се прашувате како престанав? Се преместив во друг затворен круг на желби и многу јегер бомб.
Хитлер - најомразената личност историјата, рекол:
Ако ја сакате наклонетоста на масата, морате да им ги кажете (или покажете) најшупливите, плитки работи. Затоа македонските клонирани егзистенции се купуваат по цена за едно еспресо, а во земјава за едно евро се наоѓа спремна универзална грдотија да се продаде со гратис - вештачки трепки и напрчени усни.