вторник - шклорник. И штиклата го згмечи сувиот пикавец.
Денес, откажано предавање во краен момент, џабе станување. Ама затоа јас се вратив дома, се дотерав, делев кофеин, никотин, позитивна енергија, убави муабети со колегите и му се предадов целосно на сонцето. Го апсорбирав секој можен зрак. Кога си дојдов, тоа си замина. Договорени!
А во живтот сешто! И ништо. Некултурата чувајте си ја дома во саксија, ве молам.
Март дојде, а јас со мачорот се душкам февруарски уште.
Љубовта не е лесна, воопшто. Само силните луѓе љубат. Други пак глумат оргазми, а трети - це ли врски! Веќе не се прашувам како, зошто и колку. Некои работи се сллучуваат едноставно.
Сега не е тажно, тоа е најважно.
И да, можеш од сите да избегаш, но не и од тебе самиот.
Вторник е во жолто. А јас во сино