Јас не сум да ме оставите сама во автобус.
Абе сто сценарија ќе си свртам, битно мозоков не ме остава на мира, да оди малку да попаси.
Така, за дедето пред мене што неподвижно седеше со мобилен во рака, цврсто стегнат до уво, си правев филм дека е уствари на хот-лајн, па се припил така за подобро да го слушне стенкањето.
Кога 15 минути го немаше да мрдне, се уплашив да не умрел од узбуџење. Идиотка. На крај испадна дека така заспал.
Дневна доза џубрење и се осеќам преполно, ко пупунец, а ми стигнале 2 итни преводи за утре.
Oh, joy.