Неодамна колешка од работа објавила на Фејсбук слики од предновогодишната прослава со колективот.
Арно, времето е доволно прикладно да не се ни препознаеме на сликите.
А прославата, рај за очи, мед за уста. Да не речам, доволен материјал да се изнагледаш за да зборуваш до следната предновогодишна прослава.
Не знаев додека не видов дека на таква прослава ако не си посетил фризер и не си испазарил нова облека, џабе ти е славењето.
Локни, препеглани коси, свежо шатирање, кошули со корди, 2 броја поголеми пантолони за да им се точни и при бременост, очигледно домашна шминка изведена со четка за акварел техника, шпиц чевли и чизми, шарен фустан со дизајнирани хулахопки, очај на големо во едно мало место, за малку прозорците да би испукале од премногу труд да се изгледа свечено.
Наспроти мојот изглед на нормална девојка со пуштена права коса, скромен фустан купен летоска и чевли купени за една свадба, наидов на тетки со желба за докажување на убавина и среденост.
![Не се согласувам :nah :nah](/images/emoji/shake_animated.png)
Јасно ми беше.
Го згрешив местото.
Поточно го згрешив работното место.
Море ја згрешив професијата.
И не ќе беше се така трагично додека не ви се предочи дека цел колектив е составен единствено од жени.
Некои особи едноставно живеат и деноноќно работат и штедат за една предновогодишна прослава со колективот од работа.