Вечерва со Jean(едно од 3те деца кои ги чувам,најмалото 2год) неможеше да заспие ,плачеше цело време поради тоа што родителите им заминаа на свадба на 3 дена во Италија кај пријатели,го земав малово со мене го нишкав во раце,после го ставив на мојот кревет и се правев дека спијам,и одеднаш се врти накај мене и ми вика со едно тажно гласче'Мама замина'(a претходно му објаснив дека се на свадба и дека ќе се вратат и дека јас сум тука да го чувам) леле колку жал ми падна,солзи моментално ми потекоа... душиче,и на крај го ставив во неговиот кревет и заспа пред малку...