Сакам да кажам/Сакам да прашам

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
ноуп. Not at all. Само мислев дека набројуваме прекршоци. За велосипедската одамна се согласивме дека е најголемо срaње на партизанска. Ќе поминам некогаш кога ќе живеам на партизанска, сеа сум на другиот крај на Скопје :).
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Имам видено многу мрднати пешаци поготово на Партизанска. Редовно си поминуваат на црвено, веројатно мислејќи дека булеварот е огромен и нема шанси да не види ако доаѓа кола. Али мислам дека навика е во прашање. Поминал тука на црвено, ќе помине и на друго место. Човеку, каде се брзаш? Почекај си 20-30 секунди и ТОГАШ, кога ти е зелено за минување, ПОВТОРНО внимавај и помини си.
Но, од друга страна, зошто до пред 2 недели бев на точак и цело лето возев, ја знам и таа страна. Прво и основно, градов е грд, ужасен, никаков! Не се вози точак во Скопје. Барем не во пределите јас каде што возев. Ретко има обележана лента на тротоарите (само на поголеми), повеќето тротоари се покриени со паркирани коли што автоматски сакал-нејќел мораш да возиш на улица до коли, самите тротоари (и ленти, ако можат да се наречат) се катастрофални, полни со дупки и други пречки. Најблизок момент што сум го имала со кола, а јас на точак беше еднаш кога поминував на пешачки, а таксист правеше U вртење на сред булевар и не ме примети, но среќа, брзо изреагира и застана пред мене. И такви двајцата се глеаме малце подзапрепастени и направи некој гест (мислам на извинување) и си отидов. Поентата ми е, страшно е во градов да си на велосипед, пред се. Дали мислат дека зошто си на точак па побрзо ќе пројдеш, па не мораат да подзастанат, прават грешна проценка, не знам.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Постот на Виктор иако држи вода, тоа е само делумно.
И Апо и Егзиштанс за пешаците е исто толкав проблем колку и за точаците а особено и за возачите. Има такви суицидално наклонети пешаци кои малте не скакаат преку тревници по необележана патека. Сторијата кај Партизанска ете веќе и Мис Чивас ја спомна, да не се повторам и за онаа кај Зелено Пазарче.
Сепак тоа што го кажа Виктор како решение нема да упали. Зошто? Затоа што освен што има задна намера да се полни буџетот, културата нема да се врати. Човекот кој свесно прави прекршок никогаш нема да го смени однесувањето. Особено ако има кола од минимум 20 000 евра и мамица и татица се знаат со некој од врховните. Сите несреќи од изминатава година завршија со краен човечки издаток беа од т.н. луѓе заштитени од законот. Имаше после тоа некои протести кои беа ни мои ни твои, не се знаеше вистинската суштина кој и најбитно зошто се протестира. Имаше група кои дојдоа до сржта, другите беа за да се намали брзината на возење во урбана средина. Власта тоа оберучке го прифати и изгенерализира законот да важи за „сите“ - а тоа значи и за оние совесните кои возат со 4 очи. Утредента и наредните 3-4 дена имаше т.н. Кампања на делење казни за да се прибере арачот од секое можно суштество за да се полни буџетот. Извини, ама на таков принцип не се всадува сообраќајна култура. Џандарот треба 24часовно да си го знае своето работно место и законот да го спроведува подеднакво на сите.
Како пример ќе ја опишам следнава ситуација. Одам накај раскрсницата кај судска на денот после протестите, имаше џандари на секој можен чекор. Секако и безтоа ги испазував сите можни сообраќајни правила, поминувања но и отварав 4 очи да не се појави онаков манга за кој законите не важат. И не погтрешив. Искоичи еден дебил во права смисла на зборот - направи дрифт да сврти од битпазар накај мртв. И не ме изреволтира што типот си замислуваше дека е негова улицата при толкав сообраќаен метеж, ме изреволтира што им мафна и свирна на џандарите, а и они истотака го отпоздравија. Едниот рече - абе остај, го знам човекот. Да повторам тој ден 7 луѓе што ги знам (од кои 3ца ептен добро) добија казна минимум од 50 евра, а гарантирам дека во живот не би се испонашале као оној манга, туку или биле ради (не)упалени светла, поминување на празна споредна уличка на 50 метри од пешачкиот.
Поентата овде е повеќе од јасна што сакам да ја доловам. Казните кампањски не може да вродат со никаков плод освен со злонамерна идеја да се оправда нечиво болно трошење на пари. Дека треба нешто да се превземе, секако дека да. Кое е најдоброто решение, во вакви услови не сум најпаметен а утопистички би можел да го дрвам до утре што нема да вроди со никаков плод.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and diva orhideja

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Сакам да кажам дека многу мразам да позајмувам пари на личности кои играат во кладилница и казино, а од друга страна сте биле другари од детството, неразделни.... а сега ти се јавува само кога има потреба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор and Beauty&Beast

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Yep yep ..
12074759_10154094644921840_3853241355744236125_n.jpg
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Г'уевски ќе градел нов студентски и ќе го забрзал реновирањето на моменталниот „Гоце Делчев“ студентски дом. Тоа е тоа .. треба да се накисне до пола за да му текне да среди нешто и да забрза. Толку салам ќе биде „среден“. Тој моменталните не ги средил, ќе гради нов. Додека го изгради тој, дотогашните студенти нека си eбaт мамата, нека испоцркаат. Битно ќе има нов после и ќе го величиме Г'ујо одма.
А за изградбата на нов, this is my honest opinion:
200.gif
 

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Г'уевски ќе градел нов студентски и ќе го забрзал реновирањето на моменталниот „Гоце Делчев“ студентски дом. Тоа е тоа .. треба да се накисне до пола за да му текне да среди нешто и да забрза. Толку салам ќе биде „среден“. Тој моменталните не ги средил, ќе гради нов. Додека го изгради тој, дотогашните студенти нека си eбaт мамата, нека испоцркаат. Битно ќе има нов после и ќе го величиме Г'ујо одма.
А за изградбата на нов, this is my honest opinion:
200.gif
Доживеј го Багдад во студентски дом Гоце. (у тренд со новава зграда да бидам)
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Се надевам не е проблем ако оставам линк до една статија.
Анамарија

Се запрепастив, страшно иако не ми е ништо чудно дека се способни на такви работи но до толку да уништат еден мал живот ради банални грешки, несовесност и незнаење не ми се верува. Па уште и да немаат грам срам и да си ја признаат грешката. Во каква држава живееме? Какви луѓе не лекуваат?
За жал уште еднаш ми се потврди реченицата која веќе неколку години ми се врти во глава "Влезеш ли во државна жив не излегуваш".
Не фобија од игли или болници фобија од доктори има, од неуки, неспособни и несовесни доктори!
Почивај во мир девојченце!