Да ја испратиме старата година онака како ни доликува, секој со свој стил, оригинално и свое.
Ги знаете моите желби за сите вас. Многу здравје за вас и вашите блиски, друго се само ќе си дојде.
Мило ми беше што ете баш оваа година станав дел од овој форум и запознав толку квалитетни луѓе.
Во чест на мојот форум, на кој патем ми е огромно задоволство да придонесувам, ќе ве почастам со кратка и скромна рецензија за приказната за Црнобело форум....
Crnobelo Forum (2012)
Drama/Biography/Horror/Thriller/Sci-Fi/Action/Adventure
Навидум обична приказна за неколку ликови кои по сплет на околности се нашле на едно место, заедно поминувајќи голем дел од слободното време. Квалитетните дискусии од кои може да научите многу, спонтаноста на ликовите кои ќе ве натера да се соживеете со нивните приказни и понекогаш детските и наивни моменти кои ги пратат личностите во оваа приказна не се оние кои ќе ве натераат искрено да ја засакате.
Она што оваа приказна ја прави совршена е душата која секој член ја вдахнува тука.
Секој со свој придонес, на свој начин без разлика дали ви се допаѓал или не, ја прави оваа форумска приказна поразлична од другите. Ќе ги засакате сите нивни згоди и незгоди, ќе се смеете на нивните лудории, ќе завземате страни, ќе се восхитувате и разочарувате од ликовите. Но имајте во предвид дека ова е приказна за едно семејство, а во едно семејство се случуваат секакви работи, посебно кога брои повеќе членови..
Приказна која ветува многу забава и квалитет, приказна со која ќе созреете и ќе ве направи подобар човек.
Уживајте во неа, јас топло ја препорачувам на секој кој не бил дел од неа!
Имајте убава вечер црнобели, ми беше чест што баш Вие ми ја обележавте оваа година!