Сакам да кажам/Сакам да прашам

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Зошто сите писатели и поети се фокусираат на метафорично опишување на убави работи (со „убави“ метафори)?
Клише... Свињарникот можеби е грд, но е поинтересен за опишување.

By the way, среќна нова година!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Зошто сите писатели и поети се фокусираат на метафорично опишување на убави работи (со „убави“ метафори)?
Клише... Свињарникот можеби е грд, но е поинтересен за опишување.

By the way, среќна нова година!


Затоа што ти ако ја сфаќаш како метафора за некого е реална симболика ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and $3Я3|\||)&p&†Y

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ви посакувам на сите убава вечер, што и да правите, каде и да сте. Нека ви е среќна новата година и само убавини да ве следат, како вас така и овој наш форум. П.С. Пазите со тоа алкохолот, yolo мотото не се исплати. :p
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Ви посакувам на сите убава вечер, што и да правите, каде и да сте. Нека ви е среќна новата година и само убавини да ве следат, како вас така и овој наш форум. П.С. Пазите со тоа алкохолот, yolo мотото не се исплати. :p
За П.С делот најмногу се согласувам.:)
Инаку, фала.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
сдк - дечки мои (hug) имајте СРЕЌНА НОВА ГОДИНА само убавини и вечер памет у глава со алкохолот
t07166.gif
t07057.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Да ја испратиме старата година онака како ни доликува, секој со свој стил, оригинално и свое.
Ги знаете моите желби за сите вас. Многу здравје за вас и вашите блиски, друго се само ќе си дојде.
Мило ми беше што ете баш оваа година станав дел од овој форум и запознав толку квалитетни луѓе.
Во чест на мојот форум, на кој патем ми е огромно задоволство да придонесувам, ќе ве почастам со кратка и скромна рецензија за приказната за Црнобело форум....

Crnobelo Forum (2012)
Drama/Biography/Horror/Thriller/Sci-Fi/Action/Adventure

Навидум обична приказна за неколку ликови кои по сплет на околности се нашле на едно место, заедно поминувајќи голем дел од слободното време. Квалитетните дискусии од кои може да научите многу, спонтаноста на ликовите кои ќе ве натера да се соживеете со нивните приказни и понекогаш детските и наивни моменти кои ги пратат личностите во оваа приказна не се оние кои ќе ве натераат искрено да ја засакате.

Она што оваа приказна ја прави совршена е душата која секој член ја вдахнува тука.
Секој со свој придонес, на свој начин без разлика дали ви се допаѓал или не, ја прави оваа форумска приказна поразлична од другите. Ќе ги засакате сите нивни згоди и незгоди, ќе се смеете на нивните лудории, ќе завземате страни, ќе се восхитувате и разочарувате од ликовите. Но имајте во предвид дека ова е приказна за едно семејство, а во едно семејство се случуваат секакви работи, посебно кога брои повеќе членови..

Приказна која ветува многу забава и квалитет, приказна со која ќе созреете и ќе ве направи подобар човек.
Уживајте во неа, јас топло ја препорачувам на секој кој не бил дел од неа!

Имајте убава вечер црнобели, ми беше чест што баш Вие ми ја обележавте оваа година!