Сакам да кажам/Сакам да прашам

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Темава се отвара заради тоа што претходната тема е преполна со оф топици,односно затоа што дел од членовите си помислиле дека таму можат да си прават „чет муабети“.
Не избришав ништо и не доделив опомена на никого.
Бидете претпазливи што пишувате, не се дозволени такви оф топик мислења,ова не е оф топик тема.
Нема да се толерираат такви мислења,ќе следат казнени поени.

Оваа тема постои за кратки мислења/прашања за коишто не е потребно да се отвара посебна тема.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сакам да кажам дека го пишувам овој пост поради тоа што сакам да ми стигаат известувања од темава. И да, знам дека не морав да го пишувам затоа што горе постои копче за таа намена ама ипак јас сакав да „испостам“ и да се претплатам на темава.

СДК2: Конечно завршив со праќањето меилови по асистентите, се надевам дека утре ќе може да си ги соберам потписите и оценките и да си уплатам за семестар.

СДК3: Искрено ги замолувам членовите кои што си прават „чет-муабет“ по темите да ги користат своите профили и приватните пораки за муабети од типот „Еј кај си, шо праиш. Утре ќе дојдам да бидеш дома“ „<рандом корисник> ќе одиме ли во <рандом место>“. Да, да...знам дека звучам грубо и изгледам ко да изигравам некој просветлител но искрено на ниеден форум тема од типот на СДК не содржи рандом „чет-муабети“.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Да придонесам во врска со темата малку поконцизно да прашам, мислења од кој тип се дозволени?
Премногу општи? Затоа што таквите поведуваат веднаш кон разврзување на нет муабет.
Може една сугестија - Сакам да кажам да биде као некој општ дневник, при што ако се започне дискусија за личните работи на темата (и со тоа се иницира чет муабет), да се бришат мислењата. Негативни да не се даваат освен ако има претензии за тролање на истата тема. За Сакам да прашам би било добро да се биде во контекст на ошти прашања како и подоцна да се одговара истотака во контекст на истите. Ако се оди вон тоа, и ако се започнува прашање со офтопик прашање кое иницира чет муабет да се брише истото но не и да се додаваат казнени поени освен ако нема претензии кон трол муабет што некој од двете страни ќе го знае тоа и ќе го пријавува како лошо мислење.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Прифаќам дека не е во ред да се користи темава за четување ама зарем очекувате тука да има сериозни мислења т.е мислења и прашања за кои не е потребна тема? и какви се тие??
да да најсериозно на свет е мислењето дека пример Трајко сака да каже дека денес добил тројка по биологија но професорката била строга па затоа нема повисока оцена :unsure
ова е тоа мислење за кое не треба тема??
или сакам да прашам дали утре ќе врне? посериозно прашање неможам да смислам...
незнам.. темава не треба даа има баш некој правец и насока затоа и така е именувана, но со се поголем замав се трудите да биде контролирана на некој начин..
искрено се согласувам да има ред ама никогаш не може да дефинираме што треба а што не треба да се пише тука... that's the big problem that's circling all the time.
патем колку казнени поени ќе имам после мислењево? :D
едит: ми се допаѓа мислењето на Saladin и се согласувам со истото. а откако го прочитав ми се допаѓа и тоа на slb_bobo и со истото се согласувам :zelen
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Ете на пример некој во претходната тема праша што му е потребно за во банка/менувачница да смени пари. На такви прашања се мисли,а не на прашања од типот: Што да јадам денес? Кој ќе победи вечер во фудбал? И тука се редат едно 10 мислења , тимот А ќе победи, е не тимот Б ќе победи ...
За сакам да кажам мислења од типот денес бев ваму правев тоа,станав во толку ми се случи ова, една членка на форумов,неколку пати напомена дека има отворено личен дневник тема.
Saladin едно е дискусија,друго е чет муабет. Секако дека ако од некое мислење се развие дискусија,дека нема да се избришат другите мислења.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Да, еве ја оваа пак да јаде. :D
Ај, ај, да не се правиме пепељуги. Стварно веќе се претера со темава.
Да, една ваква тема е потреба на секој форум, за да се искаже човек општо и да не се оди во бестрага по другите теми (а сепак се оди), ама пак и за тоа треба да се има граница. Мислам, камо среќа да се развие асолна дискусија, па да се префрлаат мислењата во посебна тема за истата дискусија да продолжи, ама муабет од типот:
- Леј, ама јако кењав.
- Вауууу, хардкор, каква боја беше?
- Проѕирна.
- Хахухехаххахеехихохе. :D :rofl :rofl
- Леле ѕвер, и ја кењав.
- Да? Брат, оди да помирисаш.
.....
И сите тие ставени во цитати...вау, стварно вау. Продуктивно.

Никој не бара тешки филозофии и есеи, ама пак си има бе профили и ПП за дружба.
Ко демек не сте виделе бе луѓе како се пишува во една ваква тема. Ок е, општа е, сфаќаме, ама не е тоа изговор да се пишува секоја мисла што ќе ни пројде ко воз кроз кукуруз. Ко малку такви теми да има во Играчница.

Најубаво, ако имате забелешки во врска со темава, си постојат теми за критики/предлози/прашања, таму ќе се реши.
Тука дајте малку креативно размислување, познавам многу теми кои повлекле корени баш од СДК.
Паметни деца сме ние, само малку забегавме од колосек.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Одсекогаш помили ми биле луѓето што прифаќаат критика, знаат да се извинат и знаат да ја применат таа критика и да се надоградат од оние кои упорно се лупаат со главата во ѕид.

Нема послеп човек од оној кој намерно не сака да гледа.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
И сега страв ми е да ви кажам дека денес на фудбал си заработив убава модринка под окото :D :ladno
Ама ако, за љубов со љубов од љубов нека е : )
Малку пудра ќе заврши работа додека помине : ))
И плус сакам да кажам дека мора некој еве поискусен форумџија да даде свој пример за мислења во темава. пр. Saladin slb_bobo Electra итн, а модераторката ни наша незнам дали да ја тагнам зошто некако ко да не е во истиот куп со тагнатите :) Mila Kunis сепак се потруди да даде објаснување, ама и тоа објаснување е релативна работа.
Најнајискрено пак поим немам што смеам а што не смеам да пишам. Никогаш не сум дремела по други форуми, овој е еден и единствен и веројатно затоа ми е нормално секое мислење ставено во темава :zelen
Ејј ама долго ми бидна мислењево, подолго во ниедна тема немам хаха
ИЗвинете и добра ноќ на сите :)