Членство на друг форум после еден на кој си бил долго време е исто како нова врска после старата.
Интересно е, ќе најдеш нови и интересни работи кои си ги немал на старото место, ќе излезеш од монотонијата, од работите што ги знаеш на памет, од се она што ти станало рутина и навика, ќе имаш шанса одново да си дадеш шанса да се прикажеш во вистинско светло и повторно да се забавуваш, но има нешто што те враќа назад.И секогаш ќе те враќа. Колку време ќе треба да помине додека се запознаваш, додека се вклопиш, раскажеш за себе... Нешто што на старото место не мора да го кажуваш. Тука се знае кои се твоите 10 омилени филмови, каква музика сакаш и која си навистина, каква си кога си тажна и што те прави среќна... Некои работи ќе те направат да посакаш да заминеш некаде на подобро, но не можеш зад себе да ги оставиш сите тие спомени кои знаеш дека нема никаде да ти се повторат. И бараш нешто ново и поинтересно, но длабоко во себе знаеш дека никаде нема да го најдеш она што тука го имаш и знаеш дека тука припаѓаш.. И имаш среќа да бидеш на место што има нешто што никое друго место го нема. Душа.